Санктпетербуршкиот форум ги покачи цените

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Организаторите на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се приморани да го ограничат бројот на учесници со оглед на пораснатата популарност на овој настан.

Од 15 мај 2013 година вредноста на бонусниот пакет на учесници на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум 2013 (СМЕФ) чини 295.000 рубли (нешто повеќе од 9.000 американски долари, стандардниот (со определени ограничувања за некои случувања во склоп на бизнис и на културната програма) – 177.000 (5.500 американски долари). Ако направиме споредба со минатогодишниот самит, излегува дека овие пакети годинава се многу поскапи. 

„Побарувачката за места на форумот значително ги надминува можностите на капацитетот на изложбениот центар Ленекспо, па се обидуваме да го ограничиме бројот на учесници само на извршните директори на компаниите“, објаснува Дмитриј Махајлов, првиот заменик-директор на Фондот на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум. Според него, високата цена за влезницата ги одвраќа компаниите при регистрацијата на големи делегации...   

„Покачувањето на цените не е правилна мерка, - смета косопственикот на фармацевтската компанија „Биокад“ Дмитриј Морозов. – Што повеќе луѓе доаѓаат на форумот, тоа е подобро за него. Тоа не е некој елитен клуб. Друга работа е што организаторите наскоро ќе имаат проблем со инфраструктурата, со оглед на фактот дека интересот за форумот расте од година в година“, истакнува Морозов.

„ГМР Планета на гостопримството“ на форумот испраќа четворица свои соработници и нема намера да го намали нивниот број, вели претседателот на компанијата Мераб Елашвили. Според него, поскапувањето нема многу да се одрази на бројот на учесниците: ова е корисен форум, за три дена можеме да видиме многу важни настани кои не можат да се видат на некој од московските форуми.

Престижноста на форумот и отсуството на алтернативен простор за руските и за странските инвеститори во Русија и понатаму предизвикува голем интерес кај водечките играчи и лидери на пазарот

„Престижноста на форумот и отсуството на алтернативен простор за руските и за странските инвеститори во Русија и понатаму предизвикува голем интерес кај водечките играчи и лидери на пазарот. Тешко дека ова ќе се измени и оваа година, без оглед на високата цена на билетите“, смета Николај Казански, генерален директор на Collier International.

СМЕФ ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Главни партнери во 2013 година се Роснефт, Сбербанк, Внешкомбанк и Руски мрежи. Вредноста на партнерскиот пакет засега не се знае. Во 2010 година пакетот на главниот партнер изнесуваше 45 милиони рубли (1.400.000 американски долари), а обичниот (740.000 американски долари).

Главни теми на годинешниот форум се: Глобална програма за стабилен економски раст, Русија на глобален план, Нови катализатори на промените. Со оглед на фактот дека годинава Русија ќе претседава со Г-20, на форумот учество ќе земат и членови од Бизнис дваесетката.

„Засега своето учество на СМЕФ 2013 го потврдија 1361 учесник, вклучувајќи повеќе од 158 раководители на најголемите странски компании, како и 325 руски раководители“, изјави Михајлов. Според него, буџетот на форумот е ист како и минатата година, но во јавноста не се кажуваат апсолутни цифри. „Во 2011 година буџетот на форумот беше 880 милиони рубли (2.760.000 американски долари). Очекуваме дека на форумот учество ќе земат 4.000 учесници и 1.000 претставници на медиумите“, вели Михајлов.

Следните години проблемот на СМЕФ со недостиг на простор ќе биде решен. Оваа година тој последен пат се одржува на Василевскиот остров. Веќе следната година организаторите ќе се преселат во новиот изложбен центар во предградието на Санкт Петербург, што го изгради Експофорум. Во центарот се предвидени 140.000 квадратни метри отворен и затворен простор, како и конгресен центар со капацитет од 7.000 места.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња