Извор: ИТАР-ТАСС.
Рускиот софтверски иноватор Luxoft објави дека ќе даде иницијална јавна понуда на Њујоршката берза на акции (NYSE). Основни сопственици на Luxoft – рускиот ај-ти холдинг IBS Group и компанијата-ќерка на „ВТБ Капитал“ Rus Lux Limited – планираат од продажбата на акции да добијат околу 80 милиони американски долари.
Како што се гледа од проспектот на емисии, акции ќе продава и самата Luxoft Holding, а и нејзините три акционери: IBS Group Holding Ltd, Luxoft SOP S.A. и Rus Lux Limited
За намерата на Luxoft за иницијална јавна понуда на NYSE, беше објавено во петокот на сајтот на Комисијата за хартии од вредност и на берзите од САД. Како што се гледа од проспектот на емисии, акции ќе продава и самата Luxoft Holding, а и нејзините три акционери: IBS Group Holding Ltd, нејзината 100-процентна „ќерка“ Luxoft SOP S.A. и Rus Lux Limited, компанијата-ќерка на „ВТБ Капитал“. Косопствениците на Luxoft не го обелоденуваат процентот на своите делови. „ВТБ Капитал“ има купено не повеќе од 10% од Luxoft во 2009 година, соопштува за Комерсант извор близок на IBS Group.
На инвеститорите ќе им бидат понудени нови акции од А класа, а секоја од нив ќе има право на еден глас. Компанијата исто така пушти и акции од Б класа, а секоја од нив има право на 10 гласа. Сепак, овие хартии од вредност веќе се распределени меѓу тековните акционери и нема да бидат дадени на јавно наддавање.
Деловите на учесниците во Luxoft и обемот на акциите што се продаваат не се обелоденети, дијапазонот на оценката на акциите сè уште не е утврден. Во проспектот само се споменува дека очекуваното пласирање за продажба на акциите на Luxoft е 80 милиони американски долари и дека самата Luxoft планира да ги насочи средствата од продажбата на акциите на пополнување на обртниот капитал и на корпоративни цели. Андеррејтери се UBS, Credit Suisse, JP Morgan, ВТБ Капитал и Cowen and Company.
Вкупниот приход на Luxoft за 2012 година изнесува 314.6 милиони американски долари, а чистата заработувачка 37.5 милиони американски долари
Luxoft е една од најголемите руски компании, кои произведуваат програми по нарачка на клиенти, а меѓу нив се Boeing, Абсолут-банк, Ренессанс Кредит, Dell, IBM, Sabre, Alcatel. Нарачките од двата најголеми клиенти – Deutsche Bank и UBS – во 2012 финансиска година отпаднаа 47% од продажбата. Вкупниот приход на Luxoft изнесува 314.6 милиони американски долари, а чистата заработувачка 37.5 милиони американски долари.
Клиентите од САД во приходот на Luxoft учествуваат со 36.3%, од Велика Британија 28.2%, од Германија 12.8%. 11.2% од приходот, односно 35.1 милиони американски долари, отпаѓаат на руските клиенти.
Аналитичарот на „Уралсиб Капитал“ Константин Белов пред една година го процени Luxoft во состав на IBS Group на 604 милиони американски долари, и, според него, сега процената на компанијата тешко дека ќе се измени. „Од наша гледна точка ова е најпривлечниот дел од бизнисот на IBS, тој расте многу побрзо, рентабилноста е повисока“, смета Константин Белов.
„Мило ни е што Luxoft станува јавна компанија. Ние ова го оценуваме како позитивен настан за сегментот и се надеваме дека иницијалната јавна понуда ќе биде прифатена од страна на инвеститорите“, изјави за Комерсант финансискиот директор на EPAM Systems Илја Кантор. Во IBS Group не сакаа да дадат свој коментар, додека претставниците на ВТБ Капитал не одговараа на телефонските повици.
Повеќе на www.kommersant.ru
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче