Русија ќе стане најголемата европска продавница

Руските бизнисмени во 2013 година планираат да отворат 2.87 милиони квадратни метри трговски центри, односно да остварат речиси четвртина од сите европски проекти. Извор: ИТАР-ТАСС.

Руските бизнисмени во 2013 година планираат да отворат 2.87 милиони квадратни метри трговски центри, односно да остварат речиси четвртина од сите европски проекти. Извор: ИТАР-ТАСС.

За две години Русија ќе го заземе првото место во Европа по бројот на квадратни метри наменети за трговија и зад себе ќе ги остави моменталните лидери Велика Британија и Франција. Притоа многу продавачи се концентрираат на помалите градови од руската внатрешност.

За две години Русија според тоа како течат работите ќе стане земјата со најмногу простор наменет за трговија во Европа. Оваа прогноза ја изнесоа аналитичарите од фирмата „Cushman & Wakefield“. Трговијата со недвижности се развива исклучително динамично. Според податоците од оваа агенција, во Европа до 2013 година бизнисмените планираат изградба на 7 милиони квадратни метри простор за трговија. Ова е речиси рекордна цифра. Повеќе е изградено само во 2009 година (7.8 милиони квадратни метри). Досега Франција и Велика Британија се сметаа за вистински Меки за љубителите на шопингот. Токму во овие две земји се отворени најголем број продавници и трговски центри. До 2013 година во Франција имало 16.95 милиони квадратни метри трговски простор, а во Велика Британија 16.48 милиони. Русија во моментов располага со нешто помалку простор за трговија (16.47 милиони квадратни метри).


Денес токму внатрешноста на Русија, а тоа значи и помалите градови, стануваат приоритет за многу брендови. 

Татјана Кључинска

Jones Lang LaSalle

Руските бизнисмени во 2013 година планираат да отворат 2.87 милиони квадратни метри трговски центри, односно да остварат речиси четвртина од сите европски проекти. Фирмата „Cushman & Wakefield“ се сомнева во овие бројки. Имено, до крајот на годината секогаш се отвораат помал број трговски центри од оној што е најавен. Според процената на аналитичарите во 2013 година ќе бидат изградени најмногу 1.6 милиони квадратни метри. Но, доколку се оствари и оваа песимистичка прогноза, Русија ќе постигне рекорд во Европа по бројот на новоотворени трговски центри и ќе ја надмине Велика Британија по просторот за трговија.

Колку за споредба ќе споменеме дека во Велика Британија за истиот временски рок бизнисмените планираат да изградат само 325.000 квадратни метри, додека во Франција за периодот 2013-2014 е планирана изградба на 1.39 милиони квадратни метри трговски центри. Овие податоци ни ги наведе Мајк Рода, директор на одделението за насочување инвестиции во недвижнините наменети за трговија на просторот на Европа и на Блискиот Исток од фирмата „Cushman & Wakefield“.

Засега Русија многу заостанува зад Кина

Во Русија денес сè повеќе се гради простор наменет за трговија, и тоа пред сè во внатрешноста. Како што истакнува Татјана Кључинска, началничка на одделот за простор наменет за трговија во „Jones Lang LaSalle“, во Москва во текот на првиот квартал ни е отворен нити еден квалитетен трговски центар, а до крајот на годината е планирано да бидат издадени максимум 300.000 нови квадратни метри. Затоа денес околу 70% од новите трговски центри се градат во провинција и речиси половина од нив се во градовите во кои живеат помалку од еден милион жители. „Доколку пред неколку години трговските синџири беа нерешителни во своето ширење, денес токму внатрешноста на Русија, а тоа значи и помалите градови, стануваат приоритет за многу брендови. Свои планови за развој во градовите во кои живеат помалку од еден милион жители веќе ги потврдија компаниите како што се 'Leroy Merlin', 'Jeans Symphony' и 'Subway'“, додава таа.

Минатата година најмногу простор наменет за трговија е изграден во Сургут, Екатеринбург, Нижни Новгород, Митишчи и Сочи. Резултатите од првиот квартал покажуваат дека пазарите во Санкт Петербург, Белгород и Волгоград добиле нови големи трговски простори.

Но, сепак, Русија засега многу заостанува зад Кина. Во целиот свет денес се градат 32 милиони квадратни метри трговски простор, при што уделот на Кина во изградбата изнесува над 50%. Кинеските градови Ченгду, Тјенџин, Шенјанг, Чунгџинг, Вухан, Гуангџоу и Хангџоу спаѓаат меѓу десетте најдинамични пазари за простор за трговија во светот. На пример во Ченгду во текот на следниве три години ќе бидат отворени 2.9 милиони квадратни метри трговски центри, а во Тјенџин 2.1 милион.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња