Виталиј Крјуков од инвестицискиот фонд „Капитал“ забележува дека цената на резервите на „Технефтинвест“ од 0.78 долари за барел е во „пазарните рамки“. Извор: PhotoXPress.
Rockefeller Oil Company која му припаѓа на Стивен Кларк Рокфелер, склучи договор за откуп на 100% од руската нафтена компанија TNI Group (Технефтинвест), на која ѝ припаѓаат седум блокови од вкупните резерви од 180 милиони тони нафта и 20 милијарди кубни метри гас. На наоѓалиштата веќе се врши извлекување. Зделката сè уште не е затворена, а нејзината вредност се проценува на една милијарда американски долари.
Ова не е прв обид на господин Рокфелер за влез во бизнисот со нафта и со гас во Русија. Во 2012 година неговиот фонд BESS сакаше да ги откупи од руската инвестициска компанија „ВТБ Капитал“ и од компанијата за добивање дијаманти АЛРОСА 51% од акциите во АД „Уренгојска гасна компанија“ за 612 милиони американски долари. Но зделката не беше затворена, а АЛРОСА тогаш реши да ги развива своите непрофилни гасни активи самостојно.
Алармантно е тоа што ниту еден од руските нафташи, без разлика на примамливоста на регионот и на солидноста на резервите, не се заинтересира за „Технефтинвест“.
Виталиј Крјуков, аналитичар
Основни активи на „Технефтинвест“ се седум места во Јамало-Ненецкиот автономен округ и во Ханти-Мансијскиот автономен округ. Рокот на речиси сите лиценци истекува во 2025 година. Нивните вкупни резерви се 181 милион тони нафта и 19.3 милијарди кубни метри гас. Извлекувањето се врши на Паљниковското наоѓалиште (2.3 илјади тони нафта во 2011 година), на Централно-Таркосалинското (3.8 илјади тони во 2008 година, вкупно производство од моментот на отпочнување со извлекување во 2007 година – 4.8 илјади тони), а исто така и на четири наоѓалишта на Известинскиот блок (130 илјади тони нафта, 112 милиони кубни метри гас во 2001 година).
„Технефтинвест“ е компанија со комплицирана судбина. Народната компанија „Технологии за производство нафта и инвестиции“ е регистрирана во 2002 година. Како нејзин единствен сопственик се јавува Sagitech Investments Limited (Кипар). Неофицијално како корисник се наведува поранешниот топ-менаџер на „Сибнефт“ Фјодор Хорошилов. Но од 27 ноември 2012 година се наоѓа во стадиум на ликвидација. Причина за процедурата за банкрот беше економската криза од 2008 година, по која компанијата не можеше да ги опслужи своите кредити (основен заемодавец е ВТБ). Кон крајот на 2008 година во билансот на компанијата постоеја долгорочни обврски од 26.5 милијарди рубли, при што во 2009 година тие преминаа во категоријата кредиторски долгови со вкупна сума од 28.5 милијарди рубли. На крајот на 2011 година овој показател се искачи на 44.8 милијарди рубли.
Во 2009 година арбитражниот суд на Москва нареди да се побара од „Технефтинвест“ во полза на ВТБ најпрво 469 милиони американски долари, а потоа 291.5 милиони американски долари за двата договори за кредит. Компанијата ги оспори овие одлуки, но загуби на апелација. Денес 100% од активите ѝ припаѓаат на ВТБ.
ВТБ им предлагала непрофилни активи на сите крупни нафташи, кои поседуваат наоѓалиштата во Јамало-Ненецкиот автономен округ и во Ханти-Мансијскиот автономен округ, кои се крупни центри за производство на нафта.
Виталиј Крјуков од инвестицискиот фонд „Капитал“ забележува дека цената на резервите на „Технефтинвест“ од 0.78 долари за барел е во „пазарните рамки“. Според него вакви мали компании на пазарот има многу. Но, нивното купување е поврзано со определени ризици, бидејќи резервите и обемот на нафта или на гас од сондажната дупка можат да бидат многу помали од прогнозираните. Аналитичарот е уверен дека ВТБ им предлагала непрофилни активи на сите крупни нафташи, кои поседуваат наоѓалиштата во Јамало-Ненецкиот автономен округ и во Ханти-Мансијскиот автономен округ, кои се крупни центри за производство на нафта. „Алармантно е тоа што ниту еден од руските нафташи, без разлика на примамливоста на регионот и на солидноста на резервите, не се заинтересира за „Технефтинвест““, забележува господин Крјуков. Ние не можевме да дојдеме до податоци од најкрупните нафтени компании за тоа дали тие биле заинтересирани за „Технефтинвест“. Во исто време, додава аналитичарот, доколку параметрите на нафтените полиња се покажат повисоки од објавените или доколку на блоковите бидат откриени нови наоѓалишта, инвестицијата може да излезе многу доходовна.
Повеќе информации на kommersant.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче