Русија и Кина се лидери според БДП

Извор: AFP/Eastnews.

Извор: AFP/Eastnews.

Русија го зазеде првото место во Г-8 и второто место во БРИКС според темпото на економскиот раст за 2012 година Сепак, експертите се сомневаат дека Москва ќе може да ги повтори резултатите од претходните дванаесет месеци и во 2013 година.

Русите отсекогаш биле малку склони кон ризик, а 2012 година уште еднаш го покажа тоа. Без разлика на заканата од втор бран на меѓународната економска криза и од постојаните вести за проблеми ту во една, ту во друга европска земја, многу Руси не ги одложија своите купувања за подобри времиња, туку претпочитаа да ја потрошат својата заработка, што мошне поволно се одрази на динамиката на БДП. Имено побарувачката повторно стана поттик за економски раст на Русија во минатата година, уверен е вишиот аналитичар на Националната рејтинг агенција Максим Васин. Еден од најдобрите примери за тоа е задржувањето на темпото на пораст на продажба на нови автомобили. Двозначен, според прелиминарните оценки, е и растот на продажбата на бела техника и електроника заедно со компјутерската и канцелариската техника, а исто така на мобилните телефони.

Русија, според темпото на економскиот раст, успеала да стане лидер меѓу земјите-членки на „големата осумка“ и да го заземе второто место меѓу учесниците на групата БРИКС.

Рускиот завод за статистика забележува дека според резултатите од 2012 година Русија, според темпото на економскиот раст, успеала да стане лидер меѓу земјите-членки на „големата осумка“ и да го заземе второто место меѓу учесниците на групата БРИКС. Нејзиниот БДП пораснал за 3.4%. Ова се вели во анализата на Рускиот завод за статистика, која беше објавена кон крајот на февруари, а која е подготвена врз основа на публикациите на Меѓународниот монетарен фонд,на Организацијата за економска соработка и развоја, Евростат и на оперативните податоци од националните статистички служби. 

За групата Г-8, впрочем, ваквиот резултат беше сосема очекуван. Иако многумина се сеќаваат на драматичниот пад на БДП во Русија за време на кризата во 2008 и во 2009 година, овој пат среќата беше на страна на Москва. Европската криза не прерасна во систематска, не се случи ниту некакво посериозно намалување на цените на нафтата, на гасот и на металите, забележува Васин. Своја улога за позитивно влијание одигра и одбивањето на примената на политиката на воздржување. Ставката на рефинансирање продолжува да биде на минималното ниво од 2009 година, што предизвикува постимулирачко влијание врз економијата во однос на кризните 2008 и 2009 година, истакна аналитичарката на инвестициската компанија „Церих Капитал Менаџмент“ Елена Шишкина. 

Останатите места на пиедесталот во групата Г-8 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Русија, САД, Франција и Јапонија) им припаднаа на САД (со пораст на БДП од 2.2%) и Јапонија (со пораст на БДП од 1.9%). Германската економија пораснала за 0.7%, Велика Британија остана на истото ниво од 2011 година, а БДП на Италија и Франција опаднало за 2.3%, односно за 0.1%. Рускиот завод за статистика не дава податоци за економијата на Канада за цела година, но во третиот квартал растот во оваа земја изнесувал 1.5%. 

Во групата БРИКС „златото“ традиционално отиде кај Кина, каде според резултатите за изминатата година БДП пораснал за 7.8%. Но, според резултатите од минатата година Русија, по сè изгледа, успеа да ги надмине Индија, ЈАР и Бразил. Секако, за Индија и за Бразил Рускиот завод за статистика се потпирал врз податоците од третиот квартал на минатата година, каде растот бил 3.2, односно 1%. Четвртото место во групата го зазеде ЈАР, каде растот на економијата бил на ниво од 2.6%.

Русија според резултатите од 2012 година стана антилидер според нивото на инфлација (6.‘%). Во групата на земјите Г-8 имено во РФ цените растеле најбргу од сите, а во БРИК таа се наоѓа само зад Индија.

Практично сите анкетирани аналитичари забележаа дека сликата можела да биде поинаква, доколку не се зачувале цените на нафтата на доста високо ниво. Од времето на кризата од 2008=2009 година цените на нафтата се пораснати за 150%. „Единствената причина поради која Русија не се најде во рецесиската пропаст се цените на енергетските суровини. И покрај сите ветувања или, користејќи ја реториката на владините структури, стратегиските планови за намалување на приходите од трговијата со нафта на 5.6% од БДП, нејзиниот удел сè уште е најмалку двапати повисок“, забележа аналитичарот на финансиската компанија  „AForex“ Деев Артјом. 

Сепак, Русија според резултатите од 2012 година стана антилидер според нивото на инфлација (6.‘%). Во групата на земјите Г-8 имено во РФ цените растеле најбргу од сите, а во БРИК (Рускиот завод за статистика не поседуваше податоци за ЈАР во моментот на подготовката на материјалов) Русија се наоѓа само зад Индија, каде цените за изминатата година пораснале за 11.2%. 

Тешко дека во 2013 година Русија ќе успее да го повтори својот успех од 2012. Кон крајот на минатата година во цела низа сектори беше забележан пад на темпото на производство и на продажба. Руската економија продолжува да забавува, а ваквата тенденција ќе продолжи и во следниот квартал, уверена е Шишкина. „Не постојат многу фундаментални фактори за раст, може дури и да се каже дека ги има малку. Чиновниците од министерството за економија прогнозираат раст на обемот на странските инвестиции, тврдејќи дека земјата има фундаментални перспективи, но сепак, во исто време одливот на капиталот веќе ги надминува прогнозите на министерството за економија, приближувајќи се кон границата од 60 милијарди долари (за што сведочи статистиката за увозот и извозот на капиталот на Централната банка). Не треба да се очекува некаква промена во тенденциите“, забележува аналитичарката. 

Националната рејтинг агенција прогнозира намалување на темпото на раст на рускиот БДП во 2013 година на 2.5%. „Зачувувањето на темпото е можно само при вонредно позитивна конјунктура на светскиот пазар на јаглеводороди“, уверен е Васин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња