Извор: Cooliris.
84% од анкетираните сметаат дека животот во Русија од гледна точка на организацијата на бизнисот дава многу поголеми перспективи, одошто на запад. Притоа, 56% од анкетираните немаат намера да живеат постојано во Западна Европа, но 73% би сакале да се стекнат со образование во странство.
Има и нешто друго – самата стратегија на бизнисот е променета. Ако во почетокот на деведесеттите години од минатиот век претприемачите како основна цел си поставуваа натрупување и чување средства, денес приоритетите се изменија: многу често бизнисот се прави од задоволство. „Денес портретот на претприемачот е изменет и премина во друга фаза, - смета соосновачот на компанијата „Бизнис Младост“ Пјотр Осипов. – Современиот претприемач се раководи од идејата да прави бизнис не заради натрупување пари, туку ја прави работата од задоволство“.
Современиот претприемач се раководи од идејата да прави бизнис не заради натрупување пари, туку ја прави работата од задоволство.
Пјотр Осипов
соосновачот на компанијата „Бизнис Младост“
Но, сепак, на младите претприемачи им е потребна помош. Освен даночните олеснувања и намалувањето на административните формалности, на бизнисот ми е потребна и помош од професори-практичари: 82% од бизнисмените-почетници сакаат да си најдат ментор за индивидуална работа во бизнисот.
„Без сомнение ние направивме висок скок во сферата на бизнисот, - коментира членот на „Опора Росии“ Евгениј Јакубовски. – Ако во првите години по распадот на Советскиот Сојуз за претприемништво се сметаа различните шеми за приватизација на државната сопственост или распарчувањето на државниот буџет, денес сето тоа е сменето“. Според него, сегашните бизнисмени повеќе личат на „класичниот бизнисмен“. Притоа модата што постои кај младите за занимавање со претприемништво е добар знак, сигурен е Јакубовски.
Но, никогаш не се зборувало за тоа дека денес бизнисот се развива во правилна насока.
„За жал се развива само суровинската гранка“ – го искажува својот скептицизам заменик-претседателот на организацијата „Деловаја Росија“ Антон Данилов-Данилјан. Според него преломот се случил по 2000 година: „Ако претходно уделот на производството на суровинската гранка и на примарните сектори изнесуваше помеѓу 63 и 65%, сега тој е пораснат на 85%. Според прогнозите на претприемачот, кон втората половина на 21 век ќе мора да се стави акцент на развивањето на земјоделската гранка. „Ние имаме огромни можности, треба само да ги преминеме бариерите. Добра е перспективата за развој на хемиската, на комуникациската и на технолошката (производство на технологии) индустрија“ - додава тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче