Гаспром ја спасува Грција?

Грчката држава е непосреден сопственик на 65% од холдингот на DEPA, додека 35% се во сопственост на Хеленик Петролеум, во кој грчката држава исто така има 35% од акциите. Извор: AP.

Грчката држава е непосреден сопственик на 65% од холдингот на DEPA, додека 35% се во сопственост на Хеленик Петролеум, во кој грчката држава исто така има 35% од акциите. Извор: AP.

Грција е подготвена да ѝ го продаде својот транспортен систем за гас на руската компанија без оглед на негодувањата од страна на ЕУ и на САД, кои се незадоволни поради продорот на Русија во тој дел од Југоисточна Европа.

Руските компании Гаспром и Синтез останаа, фактички, единствените претенденти за купување на грчката национална компанија за гас DEPA. Грција, под притисок на заемодавателите, ќе биде принудена да ја прифати нивната понуда без оглед на негодувањата од страна на САД и на ЕУ, кои се незадоволни поради продорот на Русија. Грчките функционери очекуваат дека за гасната актива ќе добијат 1,5 милијарди евра.

Рускиот гигант Гаспром и групацијата Синтез, со која управува претставникот на Република Чувашија во Советот на Федерацијата, Леонид Лебедев, се главните претенденти за купување на гасната компанија DEPA, поради што Европската Унија и САД изразија незадоволство, пишува Financial Times (FT).


„Се поставува прашањето: што ќе се прави ако Русите ни дадат понуда што не можеме да ја одбиеме?“

Анонимен висок грчки функционер


Грција ја приватизира компанијата DEPA заедно со компанијата-ќерка Hellenic Gas Transmission System Operator S.A. (DESFA), која е оператор на гасниот транспортен систем и преку која грчката влада управува со националната мрежа за дистрибуција на гас и со терминалите за регасификација. Компаниите сочинуваат единствен гасен холдинг. Грчката држава е непосреден сопственик на 65% од холдингот на DEPA, додека 35% се во сопственост на Хеленик Петролеум, во кој грчката држава исто така има 35% од акциите. Грчката влада и Хеленик Петролеум се договорија за заедничка продажба на акциите. На инвеститорите им е понудено да ја откупат активата во пакет или парцијално. Во првиот случај купувачот добива 100% од акциите на интегрираниот холдинг под услов по трансакцијата на државата да ѝ бидат вратени 34% од операторот на гасниот транспортен систем DESFA. Според втората шема, уделот на грчката држава во компанијата DEPA ќе биде продаден одвоено од уделот на DESFA, но во тој случај државата има намера да задржи 34% од акциите во оперативниот гасен транспортен систем.

САД и Европската Унија се против тоа Русите да ја купат грчката компанија за гас, зашто се плашат од поголема зависност од гас од Русија и подвлекуваат дека Грција не треба да биде „заложник“ на Русија. Грчките функционери, меѓутоа, објаснуваат дека тие немаат голем избор.

DEPA е една од најпривлечните активи во грчкиот пакет на приватизација. Функционерите очекуваат дека за компанијата ќе добијат 1,5 милијарди евра.

Јавноста уште во април 2012 година дозна дека Гаспром и Синтез доставиле понуди за купување на компанијата DEРА. За овие активи, покрај руските компании, беа заинтересирани и италијанските Edison, AEM и ENI, азербејџанската државна компанија Socar, алжирскиот Sonatrach, шпанскиот Gaz Natural и Enagas, израелската компанија Israel Corp., јапанскиот Mitsui, холандскиот Vopak, кинескиот ENN, чешкиот CEZ и грчкиот холдинг M&M. 

Советот на директори на грчката агенција за приватизација во два наврата го одложуваше донесувањето одлука за формирање конечен список на претенденти, иако планира да ја затвори трансакцијата до крајот на првиот квартал од 2013 година. 

Засега не постои официјален список на компании што влегле во финалето на конкурсот, но ниту една компанија од Европа, Јапонија или од Кина, на која агенцијата ѝ одобрила учество на конкурсот, сѐ уште не доставила официјална понуда, очигледно поради можното излегување на Грција од Еврозоната. Извори блиски до учесниците во преговорите соопштуваат дека во игра останале три основни претенденти: двете руски компании и азербејџанската Socar. FT ги споменува и грчките компании M2M и GEK Terna, но вторава е заинтересирана само за купување на акциите на компанијата DESFA. „Тие ќе ги пречекорат роковите... Тешко е да се претпостави како агенцијата ќе успее да ги собере и да ги оцени понудите, да избере најповолен купувач и да ги заврши преговорите во предвидениот рок“, истакнува претставник на авторите на една од доставените понуди. 

„Се поставува прашањето: што ќе се прави ако Русите ни дадат понуда што не можеме да ја одбиеме?“, вели еден висок грчки функционер. 

Гаспром веќе остварува 90% од сите испораки на гас во Грција, и тие минуваат низ бугарскиот гасовод, додека Socar испорачува помали количества гас преку Турција. Гаспром претендира само на DEPA, зашто законодавството на ЕУ бара раздвојување на испорачателот и на дистрибутерот на гас. Неодамна концернот се откажа од плановите да гради дел од Јужен тек низ Грција и Јадранско Море до Италија, демонстрирајќи ја на тој начин намерата да ги почитува барањата на ЕУ доколку го добие правото на оваа купопродажба. Во случај на неуспех на Гаспром, главен претендент ќе стане Синтез, но не е исклучено дека тој ќе работи во интерес на концернот. 

Според шефот на Синтез, Андреј Корољов, Грција може да стане гасен транспортен центар во Европа. За приватизацијата на компанијата DEPA тој вели дека тоа е можност за „влегување на грчкиот пазар по цена која во услови на криза е релативно ниска“.

Гаспром веќе остварува 90% од сите испораки на гас во Грција, и тие минуваат низ бугарскиот гасовод, додека Socar испорачува помали количества гас преку Турција. Гаспром претендира само на DEPA, зашто законодавството на ЕУ бара раздвојување на испорачателот и на дистрибутерот на гас. 

„Ние ќе изградиме (гасоводен) спој со соседните земји за да го зголемиме протокот“, вели Корољов, а го цитира FT. „Руските компании заедно ќе доминираат на грчкиот пазар“, изрази загриженост еден аналитичар од Атина. 

САД и Европската Унија се против тоа Русите да ја купат грчката компанија за гас, зашто се плашат од поголема зависност од гас од Русија и подвлекуваат дека Грција не треба да биде „заложник“ на Русија. Грчките функционери, меѓутоа, објаснуваат дека тие немаат голем избор. „Нè притиска ‘тројката’ [тројката заемодаватели: Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија], која бара на приватизацијата да се заработи што е можно повеќе“, вели еден грчки функционер. Според планот, Грција од приватизацијата за две години треба да добие најмалку 15 милијарди евра. „Знаеме дека оној што ќе ја купи компанијата DEPA ќе се појави на пазарот на ЕУ и ќе биде принуден да го почитува нејзиното законодавство“, истакнува функционер од агенцијата за приватизација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња