Од отворањето на јубилејниот десетти Краснојарски економски форум. Извор: Росијскаја газета.
Судејќи по бројот и по профилот на гостите, посетата на овој значаен економски настан во сибирскиот град Краснојарск, веќе стана составен дел од работниот календар на стопанството и на политичката елита на Русија.
Според зборовите на организаторот, КЕФ-2013 собра рекорден број учесници – за три дена овој настан го посетија над три илјади гости. Меѓу нив беа премиерот на РФ Дмитриј Медведев, седум министри на сојузната влада, 12 шефови на федералните единици на Руската Федерација, претставници од власта, стопанството и од научната заедница од 16 земји и од 57 руски региони,. Сите тие учествуваа во дискусиите на 29 посебни платформи.
Според зборовите на организаторот, КЕФ-2013 собра рекорден број учесници – за три дена овој настан го посетија над три илјади гости од 16 земји, Учесниците на форумот потпишаа 26 спогодби, заеднички проекти и договори во вредност од неколку стотини милијарди рубли.
На главниот настан на годинешниов форум – пленарната седница, во присуство на премиерот Дмитриј Медведев, вицепремиерот задолжен за енергетски ресурси Аркадиј Дворкович и губернаторот на Краснојарскиот крај Лев Кузнецов, стручњаците се обидоа да состават карта на неопходните промени во Русија.
Според Медведев, првите нацрти на ваквата карта се појавија уште пред пет години на истиов форум. Сегашниот премиер, а тогаш кандидат за претседател на Русија, ја претстави својата концепција четири „И“. Таа се состои во потребата за развој на институциите, иновациите, инвестициите и инфраструктурите. Подоцна беше додадено и петтото „И“ – интелект.
Во својот говор Дмитриј Медведев нагласи дека сиве овие цели се важни за нашата земја и денес, но за да се постигнат потребно е да се пронајде нов принцип на раст.
Во рамките на КЕФ одржан е првиот Енисејски саем на нови идеи. Според стручњаците, на него беа претставени проекти кои го привлекоа вниманието на локалните инвеститори.
„Враќањето кон принципот од пред кризата, барем во нашата земја, повеќе не е возможен. Мора да се најде некој нов пристап. Освен тоа, во нашето општество созреани се мошне постојани и, да бидам искрен, сосема оправдани барања за нов квалитет на животот во најширока смисла на зборот, за поинаков квалитет на образованието, на здравството и воопшто на севкупната социјална сфера. Власта не може да го игнорира тоа“, истакна Медведев.
Тој додаде дека за остварувањето на ваквата цел неопходен е економски раст за најмалку пет проценти годишно.
Од таа причина учесниците на пленарното заседание во текот на дискусијата ги издвоија најважните пет економски задачи. Првата е да се подобри инвестициската клима со создавање поволни услови за работа. Во таа смисла, првите чекори се веќе направени – пред една година почнаа да се појавуваат „патни карти“ за унапредување на најчувствителните области во бизнисот.
Колку државата успешно ќе ја исполни својата прва задача, ќе може да се процени во 2018 година врз основа на резултатите од рангирањето на земјите со најповолен амбиент за бизнис. Според премиерот, Русија планира да се најде меѓу првите десет на овој список.
Вториот предизвик ќе биде решавањето на кадровските проблеми. Со ова прашање ќе мораат да се позанимаваат и власта и бизнис-круговите. Факт е дека многу компании сега се принудени да вложуваат средства во дополнителна обука или во преквалификација на стручњаците со диплома. Премиерот смета дека на бизнис-секторот многу повеќе би му одговарало директно да соработува со универзитетите, за тие да бидат свесни за реалните потреби во однос на прашањето за квалитетот на знаењето.
Третата цел е подобрување на инфраструктурата, особено на енергетската, што изискува значајни финансиски инвестиции и од страна на државата, како и од бизнис-заедницата.
Четвртата задача е поттикнување на научните истражувања и широка имплементација на иновациите во производството. Вкупниот обем на финансирање на државните научни фондови до 2018 година треба да достигне 25 милијарди рубли (820 милиони долари).
Како последна, петта ставка во списокот на државните цели Дмитриј Медведев ја истакна човечката отвореност. Од овие причини во Белата куќа веќе пристапија кон создавање систем на „Отворена влада3, чија цел е претставување на податоците за активностите на извршната власт.
Освен тоа, учесниците на форумот потпишаа 26 спогодби, заеднички проекти и договори во вредност од неколку стотини милијарди рубли.
Првиот Енисејски саем на нови идеи. Извор: Росијскаја газета.
Важно е да се спомене дека во рамките на КЕФ се одржа и првиот Енисејски саем на нови идеи. Според стручњаците, на него беа претставени проекти кои го привлекоа вниманието на локалните инвеститори.
„Може со сигурност да се каже дека првиот саем на ‘нови идеи’ беше мошне успешен. Иако сѐ уште не се потврдени конкретни инвестиции, евидентен е позитивниот став на поголемиот дел инвеститори. На форумот присуствуваа околу 40 инвеститори. Поголемиот дел од нив ја изразија својата подготвеност да инвестираат во стартап-проекти“, - изјави Андреј Гнездилов, сумирајќи ги резултатите од форумот.
Организаторите на саемот беа пофалени за одличната подготовка на претставените проекти и на регионалниот систем за поддршка на иновациските претпријатија т.е. бизнис-инкубаторите.
„Овој саем претставува воведување во практика на нов систем за остварување контакти со круг инвеститори кои добиваат јасен преглед за иновациските компании во Краснојарскиот крај. Станува збор пред сè за унапредување на потенцијалот и на искуството во соработката со претставниците на инвестициските институции“, - смета директорот Игор Гладких, кој инаку е координатор на рускиот саем на „нови идеи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче