Извор: Shutterstock/Legion Media.
Меѓу иницијативите е и онаа за стимулирање на создавање на професионални стандарди. Според мислењето на експертите на АСИ, зголемувањето на производноста на трудот не е возможно без создавање систем за инвестирање во професионалното образование. Притоа, поголемиот дел компании не се многу заинтересирани за тоа. Имено затоа треба да се размисли за можноста за намалување на даночната основа на претпријатијата во висина на трошоците за преквалификација и подготовка на нов кадар. Сега, да потсетиме, ваквите задачи се извршуваат со плаќање целосен износ на данокот.
Освен професионалните стандарди, на бизнисот треба да му се даде елан за создавање технички регламенти во рамките на Царинскиот сојуз. Во моментов процедурата на разгледување со претставниците на бизнис-заедницата не е задолжителна. Постојат проблеми, сметаат во АСИ, и во областа на обезбедување сигурност на производството. Сега од работодавачите што работат со штетно и ризично производство се побарува повисок данок. Во исто време, не постои мотивација за да се разработат инструменти за решавање на ваквите проблеми.
Треба да се размисли за можноста за намалување на даночната основа на претпријатијата во висина на трошоците за преквалификација и подготовка на нов кадар.
Уште едно прашање што е актуелно за 2013 година, а кое се однесува на даноците, е поврзано со деловите на модернизација на бизнисот. Специјалистите на АСИ сметаат дека во случај кога не се донесени потребните подзаконски акти, олеснувањето може да се искористува без ограничување и без поднесување пакет документи што го оправдуваат тоа право. Засега процедурата за нивно донесување е тешка, сметаат во агенцијата.
Постојат и прашања за спроведување проверки на бизнисот. Мошне често тие се спроведуваат без договор со обвинителството, а одземањето документација и компјутери ја доведува организацијата која е цел на проверка на раб на колапс. Треба да помислиме, предложија во АСИ, за тоа да се овозможи копирање на потребните информации за работа за време на одземањето на документи и компјутери.
Згоре на тоа, деловните тајни, забележуваат експертите, мошне често „протекуваат“ преку државните органи до конкуренцијата. Затоа неопходно е да се разгледа прашањето за можноста на сите документи што бизнисот им ги предава на соодветните инстанци да се стави забелешка „За службена цел“.
Исто така постојат проблеми и со инфраструктурата. Потребно е да се зголемат нејзиниот капацитет и перформансите. Навистина, индустриската и транспортната инфраструктура, според мислењето на странците, претставува сериозна пречка во позитивниот исход за инвестиции во Русија. Ваквото мислење го искажа претставникот на јапонската бизнис-заедница господинот Акаси, кој на форумот улествуваше со помош на видеоконференција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче