Марија Новоселок (лево) и нејзината бизнис-партнерка Александра Панишина (десно) го пуштија во употреба сајтот за мајки baby-nomer.ru. Извор: Ведомости / Fotoimedia.
„Во 2009 ми се роди ќерка и мајка ми, која живее во Шведска, ни подари табличка за детска количка со нејзиното име и со датумот на раѓање, - си споменува Марија Новоселок. – И секој пат на улица ме прашуваа каде може да се купи таква табличка“. Новоселок ги проучила Интернет сајтовите за детски производи и сфатила: оваа дупка во Русија никој ја нема пополнето. Само на некои форуми младите мајки се фалеле дека им испратиле таблички од Естонија или од Литванија.
Како големи
Новоселок почнала да дискутира на оваа тема со пријателите и ислушала многу скептични реплики. Еднаш на гости кај Марија ѝ дошла другарка ѝ Александра Пањшина, исто така млада мајка. „Таа искрено се зачуди зошто сè уште ништо не сум презела, - раскажува Марија. – А, јас сфатив дека ми недостасува истомисленик“. Така овие жени решиле да станат партнерки. На 1 јуни 2011 година тие го пуштиле во употреба сајтот, на кој можело да се направи нарачка за таблички. Направиле акција „Прво лето“: за 350 рубли нарачателите добивале таблички со доставка. Направиле многу бесплатни таблички за познаници, со цел да ја распространат идејата.
Почетната инвестиција за проектот била околу 1.5 милиони рубли. Парите отишле на производство на првата партија таблички, поточно за синџирот хипермаркети „Океј“. Вложиле сè што имале во моментот: пари на сметките и потрошувачки кредит со залог на две коли, дел од средствата зеле на заем кај пријатели и роднини. По половина година тие добиле можност да учествуваат ви кредитни програми на една голема комерцијална банка. Сега позајмените пари, според Новоселок, обезбедуваат голем дел од обртните средства.
Нарачуваат секакви таблички – црвени дипломатски, сини како кај полицијата, црни – воени и дури по макети на таблички од други земји: Израел, Украина, Грузија.
Решиле да ги прават табличките од пластика и да ги обложуваат со флуоресцентна фолија. „Тоа ја прави количката позабележлива кога е осветлена од автомобилските фарови, - објаснува Новоселок. – Нарачуваат секакви таблички – црвени дипломатски, сини како кај полицијата, црни – воени и дури по макети на таблички од други земји: Израел, Украина, Грузија“.
Според неа најсложеното во овој бизнис е управувањето со асортиманот во продавниците: ако тој не е целосен, моментално започнува опаѓање на продажбата. „Ние имаме 93 артикли по имиња за повеќе од 40 региони, зашто за секој ние доставуваме таблички со соодветен автомобилски код“, - вели Марија. Да се формира именски асортиман, исто така не е едноставна работа. Така, на почетокот претприемачките ги зеле 40 најпопуларни имиња, ги учеле кодовите на регионите, но, на пример, во Казањ производите во првиот месец сепак не тргнал. Морало да се направи дополнителен список имиња и тогаш започнала продажбата.
Забава за возрасните
Во синџирот „Дочки-синочки“ забележаа дека показателите за продажба се високи, при што еднаква побарувачка имаат како за табличките со имиња, така и за оние со шеговити називи.
Марија и Александра сакале да работат како индивидуални претприемачи, но излегло дека за да соработуваат со крупните синџири неопходно е да бидат во заедничкиот систем на оданочување и да применуваат ДДВ. „Бевме подготвени да започнеме соработка со синџирот продавници ‘Дети’, кога дознале за ова, - вели Новоселок. – Требале веднаш да регистрираат друштво со ограничена одговорност“. На 18 јули 2012 година претприемачките со еднаков удел го основале ДОО „Бејби плус“. Затоа потоа им било поедноставно да се водат преговори со директорите на синџирите „Здоровиј малиш“, „Дочки-синочки“ и „Океј“. Последниве дури и се согласиле да работат со компанијата врз основа на одложено плаќање. Во синџирот „Дочки-синочки“ забележаа дека показателите за продажба се високи, при што еднаква побарувачка имаат како за табличките со имиња, така и за оние со шеговити називи.
„Сега нашите производи се добро познати и брзо нè наоѓаат на Интернет, - вели претприемачката. – Освен со синџирите ние работиме и со мали детски продавници од различни градови. Минатата година средниот обрт на нашата компанија беше 1 милион рубли месечно“.
Табличките се повеќе сувенири, сметаат претприемачките: често ги купуваат за подарок и ги закачуваат не само на колички, туку и на детски автомобили, велосипеди и санки.
Ова е забава не толку за децата, колку за возрасните. На бебињата им е сеедно што ќе му закачат на количката, а на родителите им е интересно.
Ова се чисто сувенирни производи, се согласува тулскиот претприемач, сопственик на групата компании „Шар“ (која произведува играчки за развој на децата) Игор Золотов: „Притоа ова е забава не толку за децата, колку за возрасните. На бебињата им е сеедно што ќе му закачат на количката, а на родителите им е интересно“. Ваквите производи, според него, одговараат на модните тенденции: во ситуација кога човек мисли што да им подари на луѓе кои имаат сè, интересните таблички се вистинскиот избор.
Оригинална статија на руски јазик - во весникот „Ведомости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче