Русија ги следи антикризните напори што ги вложува ЕУ со задоволство

Извор: Комерсант.

Извор: Комерсант.

Русија е оптимист кога станува збор за иднината на Еврозоната, но не планира да купува еврообврзнци. Ова не ја исклучува замената на резервите во евра за хартии од вредност деноминирани во некоја друга валута, изјави премиерот Медведев за германски Ханделсблат.

Русија со „интензивно задоволство“ ги оценува дејствијата на ЕУ за излез од кризата во Еврозоната: крајот на кризата е далеку, сепак „светлината се наѕира“, смета рускиот премиер Дмитриј Медведев. 

„Одговорната позиција на главните земји, а тука спаѓа Германија, во оваа смисла даде плодови“, - изјави Медведев во интервју за германски Ханделсблат. 

Во исто време Русија засега не брза да купува обврзници од европските земји. 

„Ние имаме друга мисија: имаме 42% резерви во евра и можеме да ги замениме во хартии од вредност номинирани во друга валута. Нашите резерви надминуваат 500 милијарди долари, тоа се големи пари, така што тоа е веќе дел од делењето на ризикот“, - изјави Медведев.

Москва засега претпочита да се држи настрана од туѓите економски проблеми.

Аналитичарот на независната агенција Инвесткафе Ана Бодрова претпоставува дека „не треба премногу да се смета на Русија кога станува збор за купување на еврообврзници, попрво тоа ќе го стори Кина“. Според Бодрова, Москва засега претпочита да се држи настрана од туѓите економски проблеми.

Во интервјуто за Ханделсблат премиерот подвлече дека Русија е заинтересирана за максимално блиски, интеграциски односи со Европската Унија. Медведев истакна дека економската состојба во Европа во голем степен зависи од руско-германските односи.

Одговарајќи на прашањето дали би сакал да продолжи да соработува со владата на Ангела Меркел по изборите за Бундестагот кои се закажани за наесен, Медведев рече дека тој има мошне добри односи со Меркел.

„Секогаш ми било пријатно со неа да разговарам за различни прашања – и за надворешнополитички и за економски“, - изјави премиерот. 

„Владимир Путин и Ангела Меркел исто така имаат добри пријателски односи, - додаде тој. – Секако, постојат некакви емоционални работи, но тоа е веќе чисто човечко прашање“. 

Коментирајќи ги плановите на Еврозоната за заштита на Кипар, Медведев не ја исклучи можноста Русија да му помогне на Кипар, забележувајќи дека „границата на безбедност на Кипар е доста висока, таа не е како некои други земји кои се наоѓаат во тешка состојба, како што е случајот со Грција“.

Дмитриј Медведев потсети дека во 2011 година Русија му дала на Кипар кредит во износ од 2.5 милијарди американски долари.

„Сметаме дека главната одговорност за решавање на овие проблеми е кај самиот Кипар, кај земјите од Европската Унија, но ние не одбиваме да помагаме во определени ситуации, односно тогаш кога ќе бидат постигнати сите основни договори, а не пред тоа“, - рече Медведев.

Премиерот потсети дека во 2011 година Русија му дала на Кипар кредит во износ од 2.5 милијарди американски долари.

Дмитриј Медведев уште еднаш ја потврди намерата на владата да ја намали зависноста на руската економија од јаглехидратите. 

„Во моментов помалку од 50% од нашите приходи отпаѓаат на суровински извори. Значи, сепак има нешто друго, а тоа е внатрешниот пазар, кој веќе дава сериозен импулс за развој“, - рече Медведев. 

Според оценката на аналитичарот на инвестициско-финансиската компанија „Солид“ на Дмитриј Лукашов, јаглехидратите обезбедуваат 65% од рускиот извоз и исто толкав дел данок. „Обемот на постоечките резерви ќе дозволи да се одржува нивото на добивка на не помалку од 500 милиони тони годишно во тек на 8-9 години. За овој период владата ќе мора да направи две работи: да почне да развива офшор полиња и, што е уште поважно, да ја намали зависноста на руската економија од извоз на јаглехидрати“, - вели тој.

Најдобро е да се започне со модернизација веднаш, дури имаме нафта и околу 60 милијарди долари во резервниот фонд и во фондот за национална благосостојба.

„Според мене, брзата ликвидација на зависноста од извозот на јаглехидрати е сосема реална преку намалување на ценовниот обем на увозот и со поддршка на сопственото производство. На почетокот тоа може да изгледа нешто како идејата џуче во Северна Кореја, но затоа постои шанса да се развие во аналог на високотехнолошката Финска. Секако, најдобро е да се започне со модернизација веднаш, дури имаме нафта и околу 60 милијарди долари во резервниот фонд и во фондот за национална благосостојба“, - смета Лукашов.

Во тековната година владата планира да продолжи со исполнувањето на планот а приватизација на државната актива, со тоа што ќе продаде пакет акции на најголемиот руски бродар, компанијата „Совкомфлот“, а исто така и на втората по големина банка во земјата ВТБ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.