Русија во центарот на „Давос“

Брифинг на вице-премиерот на Владата на РФ Аркадиј Дворкович. Извор:Сергеј Михеев / Росијскаја газета.

Брифинг на вице-премиерот на Владата на РФ Аркадиј Дворкович. Извор:Сергеј Михеев / Росијскаја газета.

Развојот на Русија и на нејзината улога во светската економија се основните прашања на Светскиот економски форум, кој вчера се отвори во Давос. Вице-премиерот Аркадиј Дворкович, ден пред почетокот во разговор со новинарите изјави дека Русија ја има оваа чест. Благодарение на претседателството во „големата дваесетка“.

Светскиот економски форум се одржува од 1971 година. Тој е една од најавторитетните експертски арени, на кои се разговара за најважните економски проблеми.

На форумот освен Аркадиј Дворкович, учествуваат и министерот Михаил Абизов, заменик-министерот за економски развој Сергеј Бељаков, заменик-министерот Сергеј Сторчак и рускиот емисар во „големата дваесетка“ Ксенија Јудаева. 

Оваа година руската делегација е најпретставителна за сета историја на учеството на Русија во швајцарскиот форум. На форумот освен Аркадиј Дворкович, учествуваат и министерот Михаил Абизов, заменик-министерот за економски развој Сергеј Бељаков, заменик-министерот Сергеј Сторчак и рускиот емисар во „големата дваесетка“ Ксенија Јудаева. Исто така во состав на „десантот“ влегоа и губернатори, претставници на руската бизнис заедница, претставници на најпретставителните експертски институти, како и раководители на крупни државни и приватни компании. 

Извор: РИА Новости / Дмитриј Астахов.

Делегацијата ја предводи премиерот Дмитриј Медведев. На форумот најважни се неговите средби со премиерот на Велика Британија Девид Камерон и со претседателот на Швајцарската Конфедерација Ули Мауер. Одговарајќи на прашањето „зошто не оди Путин“, Аркадиј Дворкович појасни дека ваква одлука била донесена откако биле разгледани работните планови на претседателот и на премиерот. „Според работниот план два слободни дена имаше кај премиерот Дмитриј Медведев“, - појасни Дворкович. Премиерот на форумот ја претставува една од главните точки во работниот план на Светскиот економски форум годинава – приоритетите на руското претседателство во „големата дваесетка“. 

Форумот ќе трае пет дена. Вчерашното пленарно заседание беше посветено на руската економија. На неа странските и руските експерти, меѓу кои и поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин, ги претставија своите сценарија за развојот на Русија, а потоа своето гледиште го претставува Дмитриј Медведев.

Владата има позитивна верзија за развојот на настаните, но во исто време таа го разгледува и сценариото за справување со ризиците и проблемите. 

Според зборовите на Аркадиј Дворкович, првото сценарио ги разгледува ризиците поврзани со менувањето на конјунктурата на светскиот пазар. За Русија во овој домен најважен е суровинскиот сектор. Второто сценарио, пак, го разгледува темпото на спроведување национални реформи и ризикот од нивното отсуство. Третото ги анализира последиците од регионална диференцијација, поради што дотациските територии ќе постојат за сметка на субјектите-лидери. „Како и да се земе сите три сценарија се негативни. Но, тоа може да биде и добро зашто ни дава можност да се запрашаме што не е во ред“, - подвлече вице-премиерот. Според него, владата има позитивна верзија за развојот на настаните, но во исто време таа го разгледува и сценариото за справување со ризиците и проблемите.

Станува збор како за производствени, така и за инфраструктурни објекти на Далечниот Исток, на југот на Русија, во градовите во кои во 2018 година ќе се одржува светскиот фудбалски шампионат. 

Учеството на слични форуми за Русија не е само прашање на имиџ. Пред нашата земја, како и секогаш, стои задачата да се убедат инвеститорите дека во Русија може и треба да се финансираат средства. „Денес Русија е подготвена поцелосно да го претстави спектарот на инвестициски проекти за кои може да се најдат инвеститори, - подвлече Дворкович. Тој појасни дека станува збор како за производствени, така и за инфраструктурни објекти на Далечниот Исток, на југот на Русија, во градовите во кои во 2018 година ќе се одржува светскиот фудбалски шампионат. Инвестиции се потребни за развој на Московскиот транспортен јазол, за машинската индустрија, како и за енергетиката. 

Но, сепак постојат делови каде инвеститорите не можат да се пуштат без ограничувања, Русија сè уште не е подготвена. Таков е случајот, на пример, со континенталните гребени. Како што изјави Дворкович, инвеститорите таму ќе можат да работат само во партнерство со руските државни компании. Кога станува збор за домашните приватни компании, според вице-премиерот, според кои услови треба да им се даде пристап до континенталните гребени, треба да се подготват предлози. Една од можните варијанти е ситуацијата кога од разработката на делот се откажуваат државните компании.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња