Извор: ИТАР-ТАСС.
Особено динамично се развива институтот јавно-приватно партнерство, под кој во најширока смисла се подразбира долгорочна соработка на власта со приватните компании врз основа на договорни односи.
„Денес ги претставуваме новите можности за инвестирање во економијата на градот, - рече раководителот на одделот за конкурентна политика на градот Москва и раководител на тендерската комисија Генадиј Дјогтев. – Во согласност со одлуките на владата на Москва особено динамично се развива институтот јавно-приватно партнерство, под кој во најширока смисла се подразбира долгорочна соработка на власта со приватните компании врз основа на договорни односи“.
Бидејќи објект на првиот договор за концесија е недвижност во вид на здравствен објект, за остварување на медицинска дејност концесионерот има обврска да поседува лиценца за извршување на медицинска дејност и да ги дава сите медицински услуги што се предвидени со таа лиценца.
Кога станува збор за објектите на предучилишните образовни институции кои не се во државна сопственост, концесионерот на себе ја презема обврската за изградба, пуштање во експлоатација и експлоатација на детските градинки.
Подносителот исто така треба да има искуство во создавање и управување на детски образовни институции не помалку од 5 години, а исто така и позитивна репутација, да има лиценца, дозволи и решенија, неопходни за извршување на ваков вид дејност.
Во детските градинки основен критериум е доделување „буџетски“ места за децата-жители на Москва, кои се испратени од страна на градот, чиј процент не може да биде помал од 25% од вкупниот број деца во градинката.
Основен критериум за право на склучување на договор за концесија за објавените отворени ресурси е задолжителниот обем на буџетски услуги. Во болниците тоа се медицинските услуги според тарифите на задолжителното медицинско осигурување и високотехнолошка медицинска помош, започнувајќи од шестата година на експлоатација на комплексот, односно востановени норми на опслужување на пациентите со полиси за задолжително медицинско осигурување и давање високотехнолошка медицинска помош од 20 до 30 отсто од општиот обем на услуги. Во детските градинки тоа е доделување „буџетски“ места за децата-жители на Москва, кои се испратени од страна на градот, чиј процент не може да биде помал од 25% од вкупниот број деца во градинката.
Бидејќи договорите за концесија се нов инструмент на рускиот пазар, инвеститорите се интересираат за прашања поврзани со процедурата за конкурсот, односно за роковите за поднесување барање и можностите за нивно продолжување, како и за можните ризици.
Овие договори се долгорочни, не помалку од 10 години, и успешноста на проектите зависи од тоа колку детално се разработени правата и обврските на двете страни.
„Во правната рамка инвеститорите се должни внимателно да ги проучат договорите за концесија, - смета членот на раководството на Центарот за развој на јавно-приватно партнерство Алексеј Толстик. – Овие договори се долгорочни, не помалку од 10 години, и успешноста на проектите зависи од тоа колку детално се разработени правата и обврските на двете страни. Одделно внимание треба да се посвети на прашањето за земјата, имајќи предвид дека тоа не е многу добро регулирано на федерално ниво. Гарантираното ниво на приходи за исплатливост на инвестицијата е втор основен предмет за изучување од страна на инвеститорите. Во однос на финансиските ризици, договорот за концесија треба да биде транспарентен не само за инвеститорот, туку и за банката и за пензискиот фонд, со кои инвеститорот влегува во проектот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче