Упатство за членовите на социјалните мрежи на RBTH
Почитувани читатели на „Руска реч“! Целта на социјалните мрежи од проектот „Russia Beyond the Headlines“ (RBTH) и неговиот македонски портал „Руска реч“ е стимулирање на интересни дебати заради подобро разбирање на идентитетот на Русија и општествените процеси кои се случуваат во неа. Ние го поздравуваме секој разумен, обмислен аргумент, кој е изразен на пристоен начин. Многу ги цениме вашите конструктивни критики и секој предлог кој може да ни помогне да го подобриме вашето искуство како член на нашата мрежа и како корисник на нашите апликации.
Квалитетната дискусија, меѓутоа, бара модерирање. Ве покануваме на нашата интернет-страница да учествувате зрело и промислено. Модерирањето има за цел да обезбеди оваа мрежа да биде сеопфатна и безбедна платформа за сите членови. Модерирањето на дискусијата е субјективно, но ќе биде извршено на многу конзистентен и внимателен начин. Ве замолуваме нашата одлука во тој поглед да ја почитувате.
За да можеме да ви помогнеме во учеството во нашата мрежа, ви даваме неколку корисни совети. Запаметете - оваа мрежа е ваша колку што е и наша. Ве покануваме од своја страна да дадете придонес во нејзиниот квалитет и да ги почитувате следниве упатства:
- Да водите сметка вашето мислење да го изразите јасно и да се придржувате до темата на дискусијата. Коментарите можат да бидат избришани ако:
- не се поврзани со темата на дискусијата;
- не се јасни (вклучувајќи коментари кои содржат граматички грешки и кои го оневозможуваат разбирањето);
- не се на македонски или руски јазик;
- содржат спам или реклама;
- содржат навреди, непристојни се или неприфатливи во поглед на содржината и/или речникот; непримерниот речник нема да се толерира;
- содржат навреди на лична основа, говор на омраза, предрасуди и „тролување“, подбивање, исмевање: се противиме на секој вид дискриминација во поглед на расата, верата, полот, родот, сексуалната ориентација, инвалидитетот или возраста.
- Кога пишувате коментари, почитувајте го системот на вредности, верувања и емоции на другите луѓе - насилничкото однесување нема да се толерира.
- Не ги навредувајте авторите на објавените статии. Ако не се сложувате со нивното мислење или со начинот на пишување, ве замолуваме да го искажете тој став на пристоен начин. Ќе се прави разлика меѓу конструктивните и неоснованите критики. Ако воочите или верувате дека постои неправилност во објавувањето на текстовите, ве молиме за тоа да ни укажете на примерен начин. Го задржуваме правото да ги избришеме коментарите кои содржат намерно погрешно толкување на ставовите на нашите автори.
- Можете да ставите интернет-врски кои се релевантни во однос на коментарот; сите останати интернет-врски во коментарот ќе се сметаат за спам и ќе бидат избришани.
- Нема да се двоумиме да ги избришеме сите содржини кои можат да имаат законски последици за нас, вклучувајќи - посебно нагласуваме - мислења кои содржат клевета.
- Вашата помош во примената на овие правила ќе биде драгоцена: ве замолуваме и охрабруваме да не известите за нарушувањето на правилата или доколку се појави спам.
- Го задржуваме правото да ја отстраниме секоја содржина која ја сметаме за навредлива или заканувачка.
Доколку сметате дека треба да се додаде некоја точка на оваа листа, не се двоумете и контактирајте не. Потребно е само да испратите писмо на адресата: urednik@ruskarec.mk
« Назад кон страницата „следи нè“