Зошто Крим е дел од Русија?

Поглед на Ају-Даг. Крим. Слика од Иван Ајвазовски. Фотографија од слободни извори

Поглед на Ају-Даг. Крим. Слика од Иван Ајвазовски. Фотографија од слободни извори

Историската позадина на руско-кримските врски. Денес сме сведоци на случувањата во Украина, поточно случувањата на Крим, кои предизвикаа бура од реакции кај светските т.н. Г-7 лидери. Зошто Крим се отцепи од Украина? Кои беа причините да се покрене една таква акција, која светот го стави на готов за нова војна? Во текстот ќе ги разгледаме историските врски помеѓу Русија, Крим и Украина и ќе се обидеме да дадеме објаснување за настанатата ситуација на Кримскиот полуостров.

Кримскиот полуостров, или едноставно познат како Крим, е полуостров кој се наоѓа на северниот брег на Црното Море. Граничи со Украина и Руската област Кубан. Опкружено е со две мориња: Црното Море и Азовското Море. Крим или Таурски полуостров (поранешното име на Крим), бил освојуван односно колонизиран уште во античко време, почнувајќи од колонизацијата на античките Грци, Римјани, Византиската Империја, Османлиската Империја. Но, истовремено бил напаѓан и освојуван од Скитите, Готите, Хуните... За прв пат Крим бил обединет како Кримски Ханат во XV век и како таков опстанал до XVIII век, кога бил ставен во состав на Руската империја. Во 1783 година бил организиран како Област Таурида. Сè до 1954 година бил во составот на Русија. Во 1954 година Русија го дала Крим на Украина, при што Крим станал Автономна Република Крим. Иако во 1991 година Украина прогласи независност од Русија, Крим остана во составот на Украина, како автономна република со главен град Симферопол. 

По падот на Руската империја, во 1921 година, Крим станал дел од Сојузот на Советските социјалистички републики. На 19 февруари 1954 година, Президиумот на Врховниот Совет на СССР издал декрет со кој Кримската област од Руската Република и се дава на Украинската советска република, со што всушност Крим беше отцепен од Руската територија.

Не може а да не се спомене Кримската војна. Војната всушност е една од руско-турските војни кои требало да обезбедат превласт на Блискиот Исток, но и излез на Русија на топлите мориња, еден од најголемите напори на Русија во текот на историјата. Војната започнала во 1853 година и траела до 1856 година. Кон крајот на XIX век Велика Британија и Франција се повеќе навлегувале во сферата на влијанија на Блискиот Исток, а нормално со тоа и во Османлиската империја. Рускиот цар Николај I на секој начин се стремел да ја сочува својата позиција околу Црното Море, а со тоа да ја подобри својата позиција на Балканот, каде веќе се чувствувале влијанијата на западните земји. Конфликтот помеѓу Франција (католици) од една и Русија (православни) од друга страна, бил околу тоа кој треба да располага, или под чиј протекторат би требало да биде Светиот гроб на Исус во Ерусалим и Базиликата на Исусовото раѓање.

Русија, како заштитник на православието, побарала од Портата признавање на грчката црква во т.н. Свети земји, која оваа го одбила и го прифатила барањето на Франција. Потоа, Николај I го испратил кнезот Маешников во дипломатска средба со османлиските власти, со цел тогашниот султан Абдул Меџид да се обврзе христијанското население заедно со црквата и нивната религија во царството да бидат заштитени. Во исто време, Велика Британија исто така го испратила лордот Страфорд, кој сепак успеал да го наговори султанот околу неговите намери. Тоа било еден од мотивите, императорот Николај I да ја распореди својата војска во Влашка и Молдавија, а на 21 јуни 1853 година, руските војски веќе биле навлезени во дунавските кнежества. Во исто време Велика Британија и Франција испратиле своја флота на Дарданелите. Војната била неизбежна. Турската војска ги нападнала позициите на Руската војска на реката Дунав, а Руската флота, целосно ја уништила Турската во Мала Азија. Франција и Британија побарале од Русија таа да ги повлече своите војски. Русија ги одбила и овие и објавиле војна на Русија. Напорите за мировни преговори течеле во насока целосно да се исцрпи Русија, а со тоа да се отстрани нејзиното влијание од Црното Море и Балканот. Иако, руската војска, по барање на Австро-Унгарија се повлекла од Дунав, војната продолжила со сета нејзина жестина. Сојузничките војски извршиле десант на полуостровот Крим при што ја зазеле базата на Руската црноморска флота. По иницијатива на новиот руски император Александар II, биле започнати нови преговори што довеле до примирје. Договор бил потпишан во Париз, со кој било забрането влегување на воени бродови во Црното море на било која од силите, а сите се обврзале дека ќе го почитуваат територијалниот интегритет на Османлиската империја. Но, договорот престанал да важи веднаш по поразот на Франција од страна на Прусија, при што Русија ја искористила можноста и слабоста на Франција, за повторно да ја обнови Црноморската флота од базата во Севастопољ. 

Главните битки се воделе по десантот на сојузниците на Крим. Тука загинале повеќе од половина милион жители.

По падот на Руската империја, во 1921 година, Крим станал дел од Сојузот на Советските социјалистички републики. На 19 февруари 1954 година, Президиумот на Врховниот Совет на СССР издал декрет со кој Кримската област од Руската Република и се дава на Украинската советска република, со што всушност Крим беше отцепен од Руската територија. Предавањето на Крим на Украина се толкувало како гест по повод 300 годишнината од влегувањето на Украина во составот на Руската Империја. Ова се случило во времето на Никита Хрушчов.

Во поглед на населението, Руското население не од секогаш било мнозинство на Кримскиот полуостров, но исто така не биле ниту Украинците.

Од табелата може да се види дека Украинците никогаш на биле мнозинско население на Крим. Да претпоставиме дека и во комунистичкиот режим бројката се менувала драстично, а се менувала, но не помеѓу Русите и Украинците, туку помеѓу Русите и Татарите. Во најголемиот кримски град, Севастопољ, кој се смета за посебен регион на Крим, речиси нема Кримски Татари, а околу 22% се Украинци, а над 70% од населението се Руси. Татарите, како соработници на германските окупаторски војски во Русија, биле брутално депортирани од страна на Јозеф Сталин, со што драстично се намалил бројот на Татарите на Крим. 

Се до 2014 година, поточно до март 2014 година, Крим се наоѓаше во составот на Украина. Кризата уследи по немирите кои настанаа во Украина по уривањето од власт на Виктор Јанукович, кој се сметаше за човек близок до Москва. Населението во Украина се подели, едни беа проруски ориентирани (главно источните делови на Украина, вклучувајќи го и Кримскиот полуостров), поддржани од Русија, други прозападно ориентирани (главно централниот и западните делови на Украина) подржани од Европската Унија, односно САД.

Меѓутоа, политиката да ја оставиме на политичарите. Што можеме да заклучиме?

Можеме да заклучиме дека историски Русија секогаш била врзана за Кримскиот полуостров и обратно. Она што го направи Никита Хрушчов во 1954 година го направил од свои лични побуди. Меѓутоа, ако се погледне назад во историјата, Крим бил во составот на Руската империја скоро три века, како и остатокот од Украина. Војните што се воделе на Крим и за Крим, се воделе главно за превласт на Балканот и на топлите мориња. Русија отсекогаш настојувала излез на топлите мориња. Црноморската флота била стационирана на Крим, односно Севастопољ уште во XVIII век. Врските кои се создале таму помеѓу Крим и Русија се речиси нераскинливи.

Денес, природно е барањето на Кримскиот народ (мнозинство Руси) да се вратат во составот на својата татковина. Тие го избраа демократскиот начин, на референдум да решат за својата иднина, нешто поразлично од “демократскиот начин” кој сме навикнати да го гледаме од нашите западни пријатели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.