И по 100 години, помирувањето на Балканот е неостварливо

Европска комисија. Фотографија од слободни извори.

Европска комисија. Фотографија од слободни извори.

Состојбата на Балканот и после неколкуте историски разврски, сè уште не е разврзана. Улогата на големите сили во овие разврски е пресудна.

Тече 101-та година од Балканските војни, лондонските конференции и мировниот договор потпишан во Букурешт, во 1913. Тоа е убав повод да се фрли макар бегол поглед на состојбите во регионот. Несомнено, вкупните промени се огромни ама и остатоците се сериозни. Нивните форми  се можеби поинакви но, во основата, содржините не се разликуваат многу од пред еден век. Предрасудите и аспирациите кон другите, кои постоеле тогаш, денес ги нарекуваме - историски синдроми. Зад нив се кријат жестоки национализми, кои диктираат недоверба меѓу народите во регионот, токму како и пред 100 години. Силно е чувството дека помирувањето е сè уште  далечна можност! 

Така, состојбите (2013) – не се баш розови: а) Србија и Хрватска имаат и стари и свежи кошмари зад нив. Тешко е да се очекува дека тие наскоро ќе започнат широка меѓусебна соработка. Позитивно е што Загреб се обврза, се разбира по налог на Брисел, дека нема да го попречува членството на Белград во Унијата; б) Србите и Албанците, биле тие од Косово или пошироко, се конфронтирани преку еден век. Судирот неодамна го доживеа својот врв и Белград нема намера да го признае Косово, кое е отцепено со класична примена на сила. Голтањето на кнедлите ќе бара долго време; в) недоразбирањата меѓу Бугарија и Србија не смеат да се потценуваат, иако тие не се во главните вести; г) аспирации на Софија кон Македонија и Македонците се и денес силни, ако не и поизразени отколку пред 100 години; д) Грција не го признава името на Македонија како претекст за прекрстување на народот и монополизирање на брендот “Македонија“ со сите придавки – “македонски/а/о“. Овој проблем го тресе Балканот веќе преку 20 години и се наоѓа во целосен ќор-сокак. Проблемот е целосно асиметричен – Грција не може ништо да загуби а Македонија – се’ ; ѓ) со независноста на Косово, големоалбанскит проект е веќе преку 70% реализиран и, по многу што, иреверзибилен. Последиците ќе следат; е) ситуацијата во Босна и Херцеговина е практично безизлезна со сите опасности кои зад тоа се кријат. Таму, консензус за било што од заеднички интерес на Србите, Хрватите и Бошњаците - не е можен...

Треба да се нагласи дека, во сите овие промени, клучна придобивка е што, за прв пат во историјата, сите земји се стремат кон иста цел – членство во ЕУ.

Сè заедно, слободно може да се заклучи дека распадот на Југославија  промени се’ ама реши – многу малку. Последиците се тешки а одредени тенденции крајно загрижувачки.

Причините лежат во фактот дека през целата историја, регионот го обликувале надворешни сили. И денес е така. Се’ е директна последица на интересите на главните светски фактори, овој пат пред се’ на САД. Откако тие завладееја со Балканот, после распадот на федерацијата, работите тргнаа надолу. Своја (негативна!) улога секако има и Европа каде до израз дојдоа партикуларните интереси. (Скоро) насилно, на пример, Германија издејствува од страна на ЕЗ да биде призната Хрватска место Македонија. Следеше одговорот на САД кои ја признаа и Босна и Херцеговина, со што директно се стимулираше војната, која штотуку таму започнуваше. Војуваа и поранешните југословенски републики меѓу себе, ама на истиот простор длабоко конфронтирани беа и главните западни фактори, за реализација на сопствените намери и планови. Така, војните стануваа уште пожестоки.  

Сепак, треба да се нагласи дека, во сите овие промени, клучна придобивка е што, за прв пат во историјата, сите земји се стремат кон иста цел – членство во ЕУ. (Тука е секако и НАТО, меѓутоа, вистинска европска интеграција е – Унијата). Тоа е заеднички именител кој би требало да создава нова клима меѓу државите со можности за надминување на старите недоразбирања. Арно ама не е баш така. Политичките доктрини, особено тие од типот мегали, исто како и навиките, тешко се менуваат. Се прифаќа новото ама не се заборава ни старото. Тоа што конфронтираше. Најлошо е што доаѓаат нови, млади политичари кои се воспитани и образовани според старите догми кои и тие настојуваат да ги наметнат, дури и поупорно од постарите. И така почнува, или продолжува - маѓепсаниот круг.

Сè заедно, слободно може да се заклучи дека распадот на Југославија  промени се’ ама реши – многу малку. Последиците се тешки а одредени тенденции крајно загрижувачки.

Иако постои одредена начелна согласност наследените недоразбирања да се оставаат настрана и да се оди на нормализирање на билатералната и регионалната соработка, во сите области од заеднички интерес, во пракса е тоа тешко спроведливо. Сите се свесни дека треба  да се гледа напред а не назад, дека само така се гради иднината, ама присутните синдроми се синоними за ѓаволот. А тој е, нели – на секаде.

Една од основните придобивки од  интеграцијата во Унијата, требаше да биде токму генерирањето на таква енергија, насочена кон иднината. Засега, и тоа не се наметна доволно. Затоа, кризата во која западна ЕУ и евидентното забавување и одолжување на процесот на проширување може да се вратат како сериозна закана за се’ уште кревката стабилност на регионот.

Можеше ли Москва да стори нешто повеќе за да се избегне ваквиот, во основата негативен развој на Балканот?

Тешко е да се даде објективна оценка кога не се знаат ниту сите јавни камоли тајните елементи и факти околу тоа. Неспорно е дека Русија се обидуваше да даде свој придонес во разрешувањето на пост-југословенските кризи. Има информации дека Милошевиќ не бил до крај искрен со Москва што создавало недоверба и го спречувало нејзиното пошироко влијание. Во однос на Косово, Русија имаше апсолутно исправен став дека не треба да се брза со неговото финално решение. Имаше и оценки дека доколку Албанците од Косово учествувале во изборите во Србија, Милошевиќ не би бил избран! Целиот регион ќе го спасеа од заложништвото во кое вождот го држеше десетина години. И тогаш беше неспорно дека Косово е дефинитивно загубено за Србија ама ако тоа беше реализирано на цивилизиран начин, ќе се избегнеше војната од 1999 година и бомбардирањата на Белград. И жртвите, и штетата ќе беа многукратно помалубројни и пониски. Ќе ја немаше ниту 2001-та во Македонија, која ја рекомпонира земјата на крајно неприфатлив начин, што додатно ја загрозува безбедноста на регионот.

Предрасудите и аспирациите кон другите, кои постоеле тогаш, денес ги нарекуваме - историски синдроми. Зад нив се кријат жестоки национализми, кои диктираат недоверба меѓу народите во регионот, токму како и пред 100 години.

Улогата на Русија во пост југословенскиот галиматијас беше објективно ограничена и со внатрешната криза која сериозно го маргинализираше нејзиниот кредибилитет на меѓународната сцена. Иако, и во дадените услови, Москва играше конструктивна улога, сепак, нејзините дострели беа лимитирани. Нејзиниот глас немаше (доволна) тежина.

Добро, но што понатака? Каде е излезот? Состојбите во регионот и начинот на кој тие се менаџираат, не оставаат многу простор за оптимизам. Во прашање се длабоки рани кои уште долго ќе го тиштат Балканот. А, од друга страна, нема сериозни зафати да се гради нова, чиста и неоптоварена европска интегративна архитектура. Никој не се откажува од минатото. Секој си го носи товарот со себе заедно со калкулациите како најмногу да профитира, на сметка на другите, за да се добие невозможното. А, за да ја постигнат нечесната цел, користат – сила: блокади, уцени, ултиматуми, та дури и фрлање на бомби од големи височини! Најсвеж е случајот со бугарското наметнување Македонија да потпише билатерален договор со кој ќе се откаже од сопствениот народ и јазик. Само така Софија ќе даде зелено светло за членството на Македонија во ЕУ!?

А ние зборуваме за некакво помирување меѓу народите?!

Остварувајќи ги своите регионални интереси, место да помагаат во надминувањето на старите регионални недоразбирања, САД нив ги злоупотребуваат и создаваат нови конфронтации или ги продлабочуваат досегашните. Покрај другите, до најголем израз тоа доаѓа во македонско-албанските односи. Додека Вашингтон со сите сили се обидува и успева во решавањето на “Албанското национално прашање“, истовремено, не бира средства за да го затвори “Македонското прашање“. Така, свесно или не, што воопшто не е важно, САД ги ставаат Македонците и Албанците, на различни страни од барикадата.

Проблемите на Балканот можат да се решат само со мултиполарен пристап. Свој придонес мора да пружат и Русија, и Кина... Москва не смее да остане рамнодушна ниту кон регионот, ниту кон Македонија. Во прашање е, сепак, словенски народ, колку и да е тој мал. Не смее да се заборава дека таа е колевка на словенската писменост. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња