Кога Екатерина Втора стапила на рускиот престол, наредила во Зимскиот дворец да се направи „дијамантска одаја“. На почетокот во таа просторија се чувале портретите на Нејзиното Височество, прстени, табакери украсени со скапоцени камења, часовници и синџири, златни дршки за ладно оружје, садови и многу други скапоцени предмети. Подоцна галеријата на царското богатство е пренесена во Нов Ермитаж и отворена за јавноста. Кон средината на 19 век таа станала најголема јавнодостапна збирка накит во Русија.
Погледнете ги десетте највпечатливи ремек-дела на Дијамантската ризница.
Виртуелна обиколка https://pano.hermitagemuseum.org/3d/html/pwoa/diamondroom/#node13
Во кивотите се чувале моштите на христијанските светители. Овој кивот од позлатено сребро, украсен со скапоцени камења и филигран го претставува Свети Стефан (кај Французите – Сен Етјен), првиот христијански ѓакон којшто поради ширењето нова вера бил каменуван до смрт. Моштите се чувале во книга што светителот ја држи во рацете.
Литискиот крст се носел на чело на литијата (крстен од, односно свечена поворка на православните верници) од каде и потекнува неговото име. Направен е кон крајот на 13 век за чување на Животворниот крст на кој е распнат Господ Исус Христос. Честици од крстот крстоносците донеле од Палестина. Крстот е украсен со скулптурни фигури на Спасителот, Богородица, апостол Јован. Фигурата на Господ Исус Христос е единствена која во целост е изработена од злато. Крстот е обвиен со скапоцени и со полускапоцени камења, а украсен е со техника на резба, печат на метал, гравирање, филигран, ниело и клоазона техника.
Ковчежето од позлатено сребро, украсено со бисери, камеи и скапоцени камења, во Русија како мираз го донела германската принцеза Шарлота Кристина Софија од Брунсвик-Волфенбител, снаа на Петар Велики, жена на неговиот син Алексеј и мајка на царот Петар II. Таа била потомок (седма генерација) на полската принцеза Јадвига Јагелонска. Ножињата на ковчежето се изработени во облик на грифони кои држат штитови со грбови на мажот на Јадвига, изборниот кнез на Бранденбур и нејзиниот татко, полски крал.
Необичниот облик на приврзокот е инспириран од Големите географски откритија од тоа време. Трупот на каравелата (вид брод) е колумбиски смарагд од 125 карати. Пет други смарагди се поставени во облик на крст кој е закачен за бродот. Вкупната вредност на сите скапоцености на овој приврзок изнесува 190 карати. Висината на приврзокот е само 9,3 сантиметри.
Женскиот сет за разубавување пред излегување содржи 46 предмета. Меѓу нив има големо огледало, мноштво ковчежиња и кутијки, мијалник, послужавници, четки, шишенца, свеќници, а исто така и чинија за супа шолји, чајници, ѓезве, садови за шеќер и други прибори, зашто нивното дотерување траело и по неколку часа. Сите предмети се одликуваат со висок квалитет и со разновидни техники на изработка, а за нивната изработка се потрошени 45 килограми злато. Подоцна овој прибор за разубавување се користел за време на облекувањето на невестите од императорскиот двор.
Несесерите се козметички торбички, односно специјални футроли за чување предмети за лична хигиена, шишенца со парфеми, прибор за шиење и други дреболии. Биле популарни во Русија во 18 век, а малите торбички биле дел од женскиот прибор за разубавување.
Царицата Елизавета Петровна овој несесер со часовник, украсен со дијаманти, го добила од францускиот амбасадор како подарок за Велигден. Поради тоа е во облик на јајце. Оздола јајцето е украсено со руски двоглав орел, а озгора со монограмот на Елизавета. Висината на овој велигденски предмет е само 8,3 сантиметри
Три цветни букети од брилијанти, сафири, рубини, топаз, аметист и смарагди за Елизавета Петровна направил Жереми Позје, истакнат дворски јувелир и мајстор од средината на 18 век. Овие цветни композиции царицата ги користела за украс на фризурата или на облеката. Се ставале на појасот на фустанот или на рамото.
Позје за потребите на дворот правел табакери, прстени, ордени и накит. За крунисувањето на Екатерина Втора ја направил Големата императорска круна што на церемониите ја носеле сите руски цареви.
Орденот Свети Андреј Првозвани бил највисоката награда во Руската Империја. Ја установил Петар I во 1698 година. Наградените добивале орденски знак, ѕвезда и сина лента.
На знакот е претставен крст со распнатиот апостол, а на крстот буквите S-A-P-R, што значи Sanctus Andreas patronus Russiae, односно „Свети Андреј – покровител на Русија“. Орденскиот знак се носи на левата страна закачен за широка свилена сина лента преку десното рамо.
Петар I со орденск знак Андреј Првозвани на сина лента и ѕвезда на градите.
Arkhangelskoye PalaceЅвездата Свети Андреј Првозвани е осмокрака и во центарот има медалјон со натпис „За вера и верност“ кој е мото на орденот. Се носи од левата страна на градите над сите останати награди.
Во исклучителни случаи монархот можел да врачи орден украсен со дијаманти и брилијанти. Орден со скапоцени камења најчесто носеле мажи од царското семејство.
Во Дијамантската ризница има орденски знак и ѕвезда од колекцијата на великиот кнез Алексеј Александрович. Изработени се околу 1800 година и украсени се со дијаманти и брилијанти, рубини и емајл.
Луксузниот комплет опрема е составен од од ами, сабји, златни корици прекриени со виолетов емајл, и виолетови абајлии, односно подметнувач за седло. За изработка на оваа опрема искористени се над 16.000 дијаманти. Тоа бил дипломатски подарок кој Турција го дарувала на рускиот император за време на потпишувањето на мировниот договор во Едрене во 1829 година. Оваа скапоцена опрема никогаш не се користела.
Рамката од злато и сребро ја направила јувелирската фирма на Павел Овчиников кој од обичен кмет напрел до снабдувач на царскиот двор. Овчиников специјализирал за изработка на богослужни предмети и бил признат мајстор кога станува збор за обновување на стариот руски стил.
Рамката е украсена со минијатурни велигденски јајца што ги има изработено фирмата на дворскиот јувелир Карл Фаберже. Јајцата се украсени со емајл, дијаманти, сафири, смарагди, рубини и бисери.
Иконата ѝ припаѓала на последната руска царица Александра Фјодоровна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче