„Лакрдијашката забава“ (како што ги нарекувале нивните настапи) била омилена кај обичниот народ, но и кај кнезовите. Скомрасите изведувале „старини“, т.е. песни со весела фабула која многу често содржела „срамотни“ сцени и пцовки.
Вид лира
Mihail PapushСкомрасите се преправале во јунаци од „старините“, пееле и играле. Скутите на нивните костими биле скратени за да не им пречи долгата облека („краткиот скут“ бил основна одлика на скомрасите и само ним им било дозволено да имаат таков костум). Свиреле разни инструменти: гусли, домра, флејта, гајда, инструмент сличен на виолина, лири и преносливи оргули на кои со едната рака се свирело, а со другата се пумпал воздух во мешината.
Гудок – вид виолина. Новгород XII век. Руски национален музеј на музиката.
Andreykor (CC BY-SA 4.0)Православната црква ги сметала нивните настапи за „демонски“ и пагански, па затоа биле забранети. Според традицијата, било обичај на свадба да се канат скомраси (секако, за пари), а црквата не прифаќала младенците и гостите пред и по Светата тајна на венчавањето да играат и да се веселат со лакрдијаши. А имало и обичај да се повикуваат скомрасите еднаш годишно во саботата пред Духовден (Троица), на денот кога се вршел помен за починатите роднини и се раздавало. Токму тоа било стриктно забрането од Стоглавиот собор на Руската православна црква во 1551 година. Со посебни одредби, на скомрасите им било забрането да учествуваат на свадби и во прославата на празникот Иван Купала. Оттогаш лакрдијашите се надвор од законот. Додуша, во XVII век сè уште можеле да се сретнат, но само како музичари кои не изведувале песни со вулгарна содржина.
Сочувани маски на скомраси од XII-XIII век
Shakko(CC BY-SA 3.0)При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче