Зошто руските филмаџии кршат чинија на почетокот на снимањето?

Russia Beyond (Photo: Кинокомпания "Централ Партнершип"/TASS; Антон Новодережкин/TASS; Максим Богодвид/Sputnik)
Овој обичај постои само во Русија: по првиот успешно снимен кадар режисерот ја собира целата екипа и крши чинија. Но, не било која. Имено, на неа треба да бидат испишани имињата на сите учесници во снимањето и името на филмот.

Едно од објаснувањата за тоа како настанал овој обичај е поврзано со легендарниот Сергеј Ајзенштајн. За време на снимањето на култниот филм „Оклопникот Потемкин“ (1925) актерите не брзале да завршат со ручекот и да се вратат на работа. Затоа режисерот наводно од лутина ја скршил чинијата на актер од статив. Потоа, се разбира, започнало снимањето, а филмот влезе во историјата.

Сепак, масовното кршење на чинии на снимањето започна дури во деведесеттите, кога по распадот на СССР руската кинематографија поминуваше низ криза. Секој од екипата зема по едно парче за спомен. Патем, филмаџиите се суеверна фела и сметаат дека е лош знак ако чинијата не се скрши при првиот обид.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња