Кадар од филмот „Островот на богатството“
А. Турков/SputnikВо Советскиот Сојуз, филмовите за пиратите беа претежно екранизација на западните романи за немилосрдните англиски бандити и шпанските галии полни со злато. Иако имаше и оригинални заплети во кои против морските разбојници се бореа советски морнари.
Ви ги претставуваме трите најдобри советски филмови за пиратите:
Во Советскиот Сојуз, познатиот роман на Роберт Луис Стивенсон беше екранизиран три пати. Покрај тоа, во 1988 година, во кината се појави анимиран филм заснован на оваа книга, кој се здоби со голема популарност во земјата и во странство.
Кадар од филмот „Островот на богатството“
А. Турков/SputnikСе смета дека од сите верзии, за најблиска до оригиналот е онаа од 1971 година. Филмот го сними на Крим московското Централно филмско студио за филмови за деца и млади „Максим Горки“. А значаен дел од улогите ги толкуваа балтички актери, пред сé од Литванската ССР.
Улогата на бродот „Еспањола“ му беше доверена на рибарскиот дизел едреник „Клим Ворошилов“. Во една прилика, на снимањето бродот под пиратско знаме за малку ќе впловеше во Турција по грешка. Го запреа граничарите.
„Воодушевени сме од природната убавина на Јалта и од тоа колку верно филмот го прикажува Карипското море, каде што се одвива дејствието на филмот, како и бригантинот кој не може да се разликува од бродовите од таа епоха“, пишуваа латиноамериканските новинари по прикажувањето на филмот во странство.
Филмот „Одисеја на капетанот Блад“, кој се појави во кината пред распадот на СССР, беше снимен по мотивите на неколку романи на англискиот и италијански писател Рафаел Сабатини за доживувањата на храбриот и снаодлив пират Питер Блад. Интересно е што ликот на Ирецот Блад го толкуваше Французинот Ив Ламбрехт, додека неговиот ривал на екранот, францускиот (!) капетан Левасер, го толкуваше советскиот актер Леонид Јармолник.
Кадар од филмот „Одисејата на капетан Блад“
Андрей Праченко/Киностудия имени М. Горького, 1991„Голем буџет, моќни технички средства, шест месеци снимање во Москва, на Јалта и на Куба, реконструкција на два брода во природна големина и пет макети“ - објави во 1992 година францускиот весник Le Soir.
Истиот весник притоа го критикуваше филмот за неубедливата глума и претерано слободната интерпретација на романите на Сабатини. Навистина, има многу критичари на „Одисејата на капетан Блад“, но за многу луѓе на постсоветските простори ова е еден од нивните омилени филмови.
Овој филм ги освои советските кина, постигнувајќи ја најголемата заработка во советската историја. Во текот на 1980 година го гледаа над 87 милиони луѓе.
Кадар од филмот „Пирати на XX век“
Борис Дуров/Киностудия имени М. Горького, 1979Крај на седумдесеттите е. Советскиот товарен брод „Нежин“ се упатува од Филипините за Советскиот Сојуз носејќи товар опиум за фармацевтската индустрија. Меѓутоа, не му било судено да стигне до Владивосток, бидејќи по пат го напаѓаат пирати.
Авторите на „Пирати на ХХ век“ долго време се бореа со цензурата околу прашањето каков вреден товар ќе превезува „Нежин“. Чиновниците не сакаа да прифатат ураниум, ниту опиум. На крај, сценаристот Станислав Говорухин го загуби трпението и одлучно изјави дека никој нема да нападне брод што носи празни партиски книшки.
За снимањето сценографите создадоа пет дрвени макети на подводни мини, од кои една беше однесена од морето за време на бура. Кога командата на Црноморската флота дозна за тоа, режисерот Борис Дуров беше добро искаран од военото раководство.
Иако дејствието се одвива во 1970-тите, во филмот можат да се видат многу оружја од времето на Втората светска војна, вклучувајќи германски митралез MG-34, британски автомат „Стен“ и германска јуришна пушка STG-44.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче