Актерите на театарот „Узорочjе“ пеат божиќни песни, 16 јануари 2017 година, Рјазан.
Александар Рјумин/TASSРусите многу го сакаат јануари бидејќи на самиот почеток на овој месец имаат осум неработни денови, но тоа не е единствената причина.
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за време на божиќната служба во Соборниот храм „Христос Спасител“ во Москва во 2023 година.
Владимир Астапкович/SputnikПравославните Руси почнуваат да го слават Божик уште на 6 јануари, на Бадник. Тоа е последниот и најстрог ден од 40-дневниот Божиќен пост. Црквата пропишува тој ден верниците да се воздржуваат од секаква храна, освен од „сочиво“, т.е. цели зрна пченица варени со мед или суво овошје (оттука и Бадник на руски се вика „сочељник“). На 6 јануари започнуваат богослужбите кои се надоврзуваат една на друга.
Пред револуцијата од 1917 година во Русија важеше јулијанскиот календар, па така Божик се славеше на 25 декември. Од 1918 година руската држава премина на грегоријанскиот календар, а Црквата остана на јулијанскиот календар, така што според државниот календар Божик се паѓа на 7 јануари. Руската православна црква на својата веб-страница секогаш ги наведува двете сметања на времето - по „стариот“ и по „новиот“ календар.
Во Советскиот Сојуз 7 јануари беше неработен ден до 1929 година. Подоцна беше повторно воведен дури во 1991 година.
Уметниците на театарот „Узорочје“ пеат коледарски песни, 16 јануари 2017 година, Рјазан.
Александар Рјумин/TASSСвјатки е името на периодот помеѓу Божик и Водици кој трае 12 дена. Започнува на Божик и завршува на Крстовден во пресрет на Богојавление.
Сличен празничен период постоел и во паганско време, кога Словените веднаш по зимската краткоденица од 20 до 22 декември ја празнувале Кољада, која ја симболизирала промената на годишните времиња и доаѓањето на зимата. Кај народот се задржале фрагменти од паганските обреди кои на места доаѓаат до израз во овој дванаесетдневен период.
За христијаните тоа е периодот помеѓу големите верски празници, а за паганите тоа е преодниот период помеѓу зимата и пролетта, така што тие денови тие пееле календарски обредни песни и гатале. Денеска во овој период се организираат народни веселби.
Дворцов плоштад, 14 јануари 2023.
Александар Демјанчук/TASSНеофицијално, ова е последниот во низата новогодишни празници, така што во многу куќи и станови се тргаат елките и украсите.
Како настанала 13-дневната разлика помеѓу „старата“ и „новата“ Нова година?
Во 1699 година цар Петар го реформирал системот на сметање на времето во Русија. Почнувајќи од 1700 година, тој вовел времето да не се смета од Создавањето на светот (од 5508 година) туку од Раѓањето Христово. Дополнително, тој вовел новата година да почнува на 1 јануари, а не на 1 септември како дотогаш (по византиската традиција). Во 1918 година Русија премина од јулијанскиот на грегоријанскиот календар, така што датумите беа поместени 13 дена понапред.
Инаку, Црковната година во Руската православна црква сè уште започнува на 1 септември според византиската традиција и според јулијанскиот календар (тоа е 14 септември по грегоријанскиот календар).
Богојавленско капење
Александар Крјажев/SputnikОвој христијански празник е посветен на крштевањето на Господ Исус Христос во Јордан.
На тој ден се прават отвори во мразот на водените површини низ целата земја, а православните свештеници ја осветуваат водата. Богојавленската вода е светиња која може да ги исцели душата и телото. Вообичаено е трипати да се влегува во водата, во име на Света Троица. Пред секое влегување треба да се прекрстите.
Важен дел од прославата е претходниот ден, т.е. Крстовден. Тогаш православните верници постат, т.е. јадат само „сочиво“ (варена пченица засладена со мед и суво овошје). Вечерта, во пресрет на Богојавление, се одржуваат богослужби и во црквата се врши првото водосветување.
Студенти на Татјанин ден (Денот на студентот во Русија) палат кукла од слама, 25 јануари 2022, Казан.
Егор Алеев/TASSНа тој ден во 1755 година императорката Елисавета Петровна го потпишала указот за основање на Московскиот универзитет. Според тогашниот јулијански календар, тоа се случило на 12 јануари, на денот на преподобната Татјана Римска.
Затоа во 1791 година во едното крило на универзитетската зграда се појавил универзитетскиот храм на светата маченичка Татјана. Оттогаш наведената светица се почитува како заштитничка на оваа високообразовна институција, а подоцна и како заштитник на сите студенти.
На 25 јануари 2005 година претседателот на Русија го потпиша указот за воведување на Денот на студентот во Русија, кој се одбележува на 25 јануари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче