🎅 Зошто рускиот Дедо Мраз носи ЦРВЕНА бунда?

Првите новогодишни прослави во градинките и училиштата, триесеттите години.

Првите новогодишни прослави во градинките и училиштата, триесеттите години.

Давид Шоломович/Sputnik
Белким не го копира Санта Клаус? Разбиваме уште еден мит за гардеробата на Дедо Мраз!

Рускиот Дедо Мраз е наследник на паганските божества од словенската митологија. Другите негови имиња се Зимник, Мороско, Трескунец, Студенец. Сето тоа е тој. Во бајките до тој пагански Дедо Мраз се стигнува преку бунар, а тоа е светот на мртвите. Високиот бел дедо живеел во ледена куќа, а неговата количка ја влечеле три коња, односно трите зимски месеци. Денес е навистина тешко да се каже каква боја на бунда носел.

По преминувањето во православие, паганските божества биле запоставени, но Дедо Мраз опстанал. Единственото нешто што сега го знаеме е дека почнал (или продолжил?) да носи бела или сребренеста бунда како симбол на чистота. Инаку, познатиот сликар Виктор Васнецов го насликал Дедо Мраз во бела бунда во 1885 година, но во политеистичката традиција.

Дедо Мраз. В. Васнецов. 1885.

Добро познатиот руски Дедо Мраз во сина (темна или светла) бунда може да се види во илустрациите на Иван Билибин за приказната „Мороско“ од 1932 година.

И. Билибин. Мороско. 1932.

Така е облечен и во стариот, до ден-денес омилен филм во Русија „Мороско“. Сино-белата бунда потсетува на зима, мраз и снег.

Дваесет години по Револуцијата во 1917 година познатиот старец се врати во ново одело. Сината и белата бунда не ги фрли, туку почна да носи црвена, комунистичка.

Советска разгледница

Инаку, го смени и превозното средство. Сега почесто го гледаме на скии, бидејќи во здраво тело е здрав дух!

Со еден збор, Санта Клаус има една бунда, а рускиот Дедо Мраз најмалку три :) 

Разгледница од царска Русија
Разгледница од царска Русија
Разгледница пред револуцијата 1917. Дедо Мраз под европско влијание во црвена бунда.

 
Советска разгледница

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња