„Понизоваја вољница“ или „Стењка Разин“ трае само седум минути. Станува збор за екранизација на помал фрагмент од историската билина на Василиј Гончаров, кој инспирацијата за создавањето на ова дело ја најде во познатата поема на Дмитриј Садовников „Зад островот на матицата“.
„Продуцент“ на филмот беше Александар Дранков, еден од пионерите на рускиот филм. Тој имаше свое филмско-фотографско ателје и веќе беше познат по првите документарни снимки на Лав Толстој.
Донскиот козак и атаман Степан Разин се враќа од поморскиот поход во кој грабнал персиска принцеза. Филмот започнува така што по Волга пловат козаци во чунови, а самиот Разин седи во предниот дел на чамецот, страсно гушкајќи и бакнувајќи ја својата заробеничка. Тие го слават успешниот поход и богатиот плен.
Козаците, сепак, се загрижени, царските стрелци ги гонат, а атаманот се забавува со убавицата. Затоа прибегнуваат кон заговор и му кажуваат на Разин, кој многу испива, за наводното писмо на принцезата до нејзиниот сакан. Филмот завршува со бесниот, љубоморен атаман кој ја фрла принцезата во Волга.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче