Во Стара Русија овој ден започнувал со капење во „бања“ (руска сауна). Човекот требало да се искапи пред изгрејсонце, за да може симболично да ги измие сите гревови од изминатата година.
„Тоа е чисто селска традиција, бидејќи селаните не се капеле цело време, туку во посебни прилики. Со оглед дека во четврток сите се причестувале, се капеле и се подготвувале за оваа света тајна, облекувале чиста кошула“, објаснува протојереј Андреј Лоргус.
Во Стара Русија, исто така, било обичај луѓето да се потстрижат на тој ден. Со иста цел - да се „отсечат“ гревовите.
По капењето, верниците оделе во храм, каде што се исповедале и се причестувале. Се труделе свеќата од богослужбата да ја донесат дома запалена за да го заштитат домот од пожари, а семејството од болести.
Потоа почнувало генералното чистење на куќата. Притоа било задолжително да се завршат сите работи. Имено, било забрането чистење на куќата во следните два дена: на Црвен петок и Велика Сабота. Во старо време се велело: „Прашината и нечистотијата можат да му паднат на Исус во очите“.
Дали некогаш на ваков начин сте го одбележувале Величетврток?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче