Ирвинг Берлин е роден како Израел Моисеевич Бејлин во 1888 година во Могилевската губернија (денешна Белорусија). Најмлад е од осумте деца. Веднаш по раѓањето, семејството се преселува во сибирскиот град Тоболск (Тјуменска област). Неговиот татко работи во синагога, каде што врши богослужби.
Ирвинг Берлин (1888-1989), американски композитор и текстописец, студио „Пач брадерс“, 1907 година.
Universal Images Group/Getty ImagesИдниот композитор има пет години кога семејството Бејлин се сели во Њујорк. Причините за заминувањето не се познати, но можно е семејството да се плашело од погромите кои кон крајот на XIX век ги имало во близина на југозападните граници на Руската империја. Таткото на Ирвинг умира во 1901 година, па момчето е принудено да го напушти училиштето и да се вработи. Еден начин на заработка е пеењето. Пее на улица во аматерски хор. Ја составува првата песна за барот во кој работи како келнер и од неа заработува 37 центи. За тие пари решава да објави песна. Во печатницата е направена грешка во неговото презиме - наместо Бејлин пишува Берлин. Тој го прифаќа тоа презиме и подоцна се потпишува така. Научува да свири пијано и потоа компонира уште неколку песни. Веќе ги продава за големи пари.
Изгледот на регистрациската карта на Ирвинг Берлин од која се гледа дека тој работел како композитор и дека во моментот на регистрацијата останал државјанин, т.е. поданик на Русија.
Национална управа за архиви и документацијаИрвинг добива американско државјанство во 1918 година, на крајот на Првата светска војна, и заминува во армијата. Таму тој компонира патриотски песни, од кои едната сè уште се смета за неофицијална химна на САД. Тоа е песната God Bless America („Бог да ја благослови Америка“).
Песната станува особено популарна во 1938 година кога композиторот создава нова верзија, изведена од Кејт Смит.
Таа песна е испеана во мјузиклот This Is Army во 1943 година, каде што една од главните улоги игра идниот американски претседател Роналд Реган. Се пее и денес во САД за време на националните празници.
Ирвинг Берлин околу 1944 година.
Legion MediaПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче