Постојат многу трудови за поврзаноста на Достоевски и Ниче и за тоа дека рускиот писател во „Злосторство и казна“ и во многу свои дела ја има наговестено мислата за погубноста на идејата за натчовек.
Во филозофската книга „Самрак на идолот“ Ниче признава дека е длабоко поврзан со Достоевски. Тој смета дека Достоевски е „единствениот психолог од кој можев нешто да научам“. Ниче исто така вели дека запознавањето со творештвото на рускиот писател е „најсреќен случај во мојот живот, дури повеќе од откривањето на Стендал“.
За разлика од мнозинството, Ниче не се восхитувал пред сѐ на „Злосторство и казна“ или на „Браќата Карамазови“, туку на „Записи од подземјето“.
За таткото на психоанализата Достоевски бил плодна почва за истражување. Не случајно Фројд цела статија „Достоевски и таткоубиството“ ја посветил на анализата на личноста на писателот, применувајќи ги на него своите размислувања за Едиповиот комплекс, кои јунакот на „Браќата Карамазови“ наводно го навел на убиство.
Се чини дека Фројд го препарира Достоевски, го критикува (особено како моралист). Сепак, својата статија ја започнува со признавање дека Достоевски е голем писател кој стои рамо до рамо со Шекспир: „Браќата Карамазови“ е најголемиот роман некогаш напишан, а 'Легендата за Големиот Инквизитор' е едно од најголемите достигнувања на светската литература, кое е невозможно да се прецени. За жал, пред проблемот на литературното творештво психоанализата мора да го положи оружјето“.
Во писмото до школскиот другар од 1948 година Ман пишува за „посветената благодарност кон руската литература“.
Изразува жалење што немал време и енергија да научи руски за да ги чита стиховите на Пушкин во оригинал и додава дека не би успеал да излезе на крај со Бундерброкови доколку непрекинато не го читал Толстој. „Не треба ни да зборувам за тоа колку им се восхитувам на Гогољ, на Достоевски, на Тургенев. Но, би сакал да го истакнам Николај Лесков кој не е толку познат, иако е голем мајстор на раскажувањето, речиси исто како Достоевски“.
Различни истражувачи повеќе пати истакнувале дека Достоевски имал големо влијание на американскиот роман. Со голема љубов кон Достоевски се однесувал и Теодор Драјзер.
„Особено ги сакал 'Браќата Карамазови' и 'Идиот'. Последниот роман му беше омилен во целата светска литература. Не можеше да го сфати карактерот на кнезот Мишкин, но со воодушевување зборуваше за едноставноста и вистинитоста на овој лик“, пишува во книгата „Теодор Драјзер: нови димензии“ неговата лична секретарка Маргарет Тјадер.
„Достоевски со својот огромен талент, кој се обраќа со сето срце, отсекогаш сум го сакал повеќе од останатите Европејци“, му има напишано Фицџералд на Хемингвеј. А, на својата ќерка ѝ напишал: „Ако сакаш да го поучиш светот на емоции <...> прочитај го 'Браќата Карамазови' на Достоевски. И ќе видиш каков може да биде еден роман.“
За Фицџералд може да се каже дека е ученик на Достоевски и еден од нему најблиските западни писатели. Ова е барем мислење на филмскиот критичар и есеист Борис Локшин. Во сцената од „Големиот Гетсби“ во „Хотел Плаза“ каде меѓу јунаците се одви главното разјаснување, Локшин вели дека според својата суштина е апсолутно во стилот на Достоевски“. „Таква сеопшта хистерија и страшна душевна напрегнатост. Фицџералд, како и Достоевски., е инаку мајстор за хистерии во затворен простор“.
Авторот на „Малиот принц“ целиот Достоевски го има прочитано како тинејџер. Во „Сеќавања на некоја книга“ вели: „На петнаесет години налетав на Достоевски, и тоа за мене беше вистинско откровение: веднаш почувствував дека фатив нешто огромно и нурнав да читам сѐ што има напишано, книга по книга, како што претходно го читав Балзак“.
Познатиот физичар со голема страст го читал рускиот класик. Позната е изјавата на Ајнштајн: „Достоевски ми даде многу, необично многу, повеќе од Гаус“. А, Гаус, како што е познато, е математичарот чии трудови го навеле Ајнштајн да ја осмисли теоријата на релативитетот. За „Браќа Карамазoви“ вели дека е „најпотресна книга“ што некогаш ја држел во рацете.
Режисерот овенчан со Оскар смета дека Достоевски е исклучителен писател и повеќе пати има признаено дека неговите романи се напишани извонредно и неверојатно возбудливо. „Тешко е да се замисли некој подлабоко да продре во егзистенцијалните, духовни теми“, изјави американскиот режисер.
Алузии и директни цитати од „Злосторство и казна“ се среќаваат во неговиот филм „Завршен удар“ (2006). Главниот јунак Крис (Џонатан Рос-Маерс) според заплетот на филмот е исто така љубител на Достоевски. И наоѓа оправдување за своето злосторство.
На сижето на „Злосторство и казна“ алудира и криминалната комедија на Вуди Аlен „Ирационален човек“ (2015), но овој пат во гротескна форма. Главниот јунак професорот по филозофија Ејб Лукас (Хоакин Феникс) страда од бесмисленост на животот и смета дека од егзистенцијалната криза може да се извлече само ако убие друг човек.
Една од најпознатите екранизации на романот „Идиот“ му припаѓа токму на Акира Куросава, и тој во интервју за советските новинари призна дека од сите свои филмови најмногу го цени овој.
Големиот јапонски режисер велеше дека буквално израснал на руската класика. „Од детство Достоевски ми беше омилен писател. <...> Никој како тој нема изразено сочувство и добрина. Безмерно сочувство со туѓото страдање за кое тој беше способен ги надминуваше границите достапни на обичниот човек. <...> Достоевски страдаше заедно со оние што страдаат. Од оваа гледна точка тој ги надмина границите на човечкото. Во него постоеше извесна црта на боженствено. Ја покажа во јунакот на 'Идиот“ Мишкин. Моите ставови и психологијата личат на ставовите и на психологијата на јунакот од 'Идиот'. Можеби затоа толку го сакам Достоевски“.
Мураками повеќе пати има зборувано за тоа дека Достоевски му е идол. Звучи чудно, но од четиринаесеттата до дваесеттата година јапонскиот писател читал само руска литература. „'Карамазови' ги прочитав на 14-15 години и оттогаш ги имам прочитано уште четири пати. Секој пат тоа беше нешто прекрасно. Во мојата свест тоа е идеално литературно дело“, има изјавено Мураками.
Исто така му се допаѓаа „Зли дуси“; но признава дека негова цел е да напише нешто слично на „Карамазови“ – „тоа е врв“.
Фотографиите на Орландо Блум како го чита „Браќата Карамазови“ на клупа во парк станаа хит на социјалните мрежи. Актерот притоа минува низ цел спектар емоции од здодевност и смеа до очај.
Уште еден холивудски актер, Николас Кејџ, исто така е љубител на Достоевски. Во 2016 година на прес-конференција во Москва призна дека мечтае за тоа да го прочита во оригинал. „Го сакам Достоевски, особено 'Браќата Карамазови“, но свесен сум дека читам превод. Би сакал навистина да знам на што мислел Достоевски, да ја доживеам поезијата на неговите зборови“.
Српскиот режисер е познат по големата љубов кон Русија и руската култура. Во интервју призна дека романите на Достоевски ги читал повеќе пати и дека му е омилен писател.
„Зашто тој е сѐ уште актуелен. Сѐ што се случува во современиот живот одамна го има опишано во своите романи“.
Во „Браќата Карамазови“, според режисерот, се „претставни сите типови луѓе“. Освен тоа во творештвото на писателот е „изложена филозофијата на самиот живот, во чиј центар е човекот-христијанин“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче