За време на советските години, имаше многу бесплатни активности за деца од сите возрасти, од танцови ансамбли до авионско моделарство.
Дворецот на пионерите 1962.
Василий Малышев/SputnikОлимпискиот шампион Марина Кошеваја од 1976 година одеше во пливачката секција. Професорот Дмитриј Затешиков, еден од најпознатите кардиолози во Русија, како дете одел во „Клубот на млади лекари“. Култната советска актерка Наталија Гундарева играше во Театарот на млади московјани во Дворецот на пионерите. Таму учеа и космонаутот Сергеј Рјазански, преведувачката на Данте Олга Седакова и многу други. Годинава младиот астрофизичар Арсениј Аринкин откри нова ѕвезда во соѕвездието Касиопеја.
Дворецот на пионерите 1988.
Олег Ласточкин/SputnikИзграден за време на Хрушчовата „борба против сè што е излишно во проектирањето и градежништвото “, Дворецот на пионерите беше еден од првите примери на советскиот архитектонски модернизам. На проектот работеа млади, перспективни архитекти и уметници.
Зградата на Воробјови Гори се состои од низа павилјони кои се одвоени од заедничката галерија. На краевите може да се видат мозаични панели со име: „Вода“, „Земја“ и „Небо“, кои го симболизираат освојувањето на елементите од страна на човекот. Дворецот е опкружен со голем парк со езерце.
Внатре, покрај училници и работилници, има и зимска градина, планетариум и голема концертна сала.
Денеска се додадени модерни отсеци-секции: за информатичка технологија, инженерска графика, роботика, биотехнологија и многу други. Вкупно има повеќе од 1500 програми и повеќе од 90% се бесплатни.
Покрај работилниците, постојат и општообразовни програми со фокус на математиката, природните науки и информатиката.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче