Меѓу народот, додуша, имало слична песна, која веројатно го инспирирала Ларионов. Се викала „Калинушка с малинушкој, лазоревиј цвет“. Запишана е по голема веројатност во 1853 година и не е толку весела ниту полетна како авторската песна на Лерионов. Во неа една девојка пее дека мажот ѝ не се вратил дома. Во советско време често можеше да се слушне во оперска изведба.
„Калинка-малинка“ стекна светска слава по обработката од советскиот композитор Александар Александров и изведбата на Ансамблот за песни и танци на Црвената армија. После тоа таа имаше безброј изведби во Русија и во странство.
Верзијата на „Калинка“ од поп-групата Morandi собра 128 милиони прегледи на интернет. Песната е особено популарна во Азија – во Кина и Јапонија. Снимките на кои песната ја изведуваат исландски фудбалски навивачи, хорот на универзитетот „Јејл“ и Германци на „Октоберфест“ се омилени на социјалните мрежи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче