💔 Таткото на ЛИДИЈА КАШИНА поседувал имот во Константиново, каде што е роден Есенин. Младиот поет бил вљубен во девојката и ноќе одел кај неа да ѝ ги чита новите стихови. Токму таа е прототип на Ана Снегина од истоимената поема.
💔 АНА ИЗРЈАДНОВА била првата невенчана жена на поетот. Работела како коректор, заедно поминале кратко време, но на Есенин му го родила првиот син Јуриј.
💔 ЗИНАИДА РАЈХ била првата венчана сопруга на Есенин. Му ги родила ќерката Татјана и синот Константин кои многу ги сакал, иако ја напуштил Зинаида кога била бремена со второто дете. Подоцна ќе ги посвои новиот маж на Зинаида – режисерот Всеволод Мејерхолд.
💔 ГАЛИНА БЕНИСЛАВСКАЈА била личната секретарка на Есенин. Со неа живеел долго време. Била безнадежно вљубена во поетот. Не можела да ја поднесе неговата смрт и си го одзела животот на неговиот гроб.
💔 ИСИДОРА ДАНКАН е најпознатата жена на Есенин, американска танчарка постара од него речиси 20 години. Нивните односи ги следеле бурни скандали и по две години заеднички живот и патувања по Европа и Америка тие се разделиле.
💔 Со преведувачката и поетеса НАДЕЖДА ВОЉПИН Есенин имал краткотрајна врска, меѓутоа таа му го родила синот Александар.
💔 СОФИЈА ТОЛСТОЈ, внука на Лав Толстој, била последната жена на поетот. Разделбата со неа тој ја поднел толку тешко што се смета дека тоа била една од причините за неговото самоубиство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче