Како американски фотограф го измами КГБ и пренесе фотографии од Руси на Запад

Nathan Farb
Збирката фотографии „Руси“ која Нејтан Фарб ја сними во 1977 година без дотерување ја покажа руската провинција. На Запад стана вистински хит.

Американскиот фотограф Нејтан Фарб го измами КГБ и успеа да однесе неколку илјади негативи со фотографии од Руси на Запад. Овие фотографии предизвикаа вистинска сензација.

Фарб пристигна во Новосибирск во 1977 година во рамките на програмата за културна размена во состав на делегација со други фотографи. Речиси два месеци работеше на изложбата „Фотографија на САД“, снимајќи ги посетителите со полароид фотоапарат.

Според планот, фотографиите требаше да ги добијат само лицата прикажани на нив (Фарб веднаш ќе ја дадеше на лицето направената фотографија). Но, Американецот реши да изведе „диверзија“: иако тој и другите гости од Америка беа под постојан надзор на КГБ, тој ризикуваше и ги испрати сите негативи по дипломатска пошта на својата домашна адреса.

„Само сакав да понесам нешто што беше стварно. Тешко е да се каже точно, само да биде стварно; без пропаганда, без политика“, ја објасни подоцна својата постапка.

Неговата идеја успеа: фотографиите на обичните жители на Сибир беа толку природни, не обработени со пропаганда, што за Американците претставуваа вистинско откритие. Излезе дека советските луѓе не се намуртени, лути и луди, туку изгледаат исто како и жителите на Западот. И исто така се неверојатно во тренд.

Својот полутаен фотопроект го нарече „Русие“. Снимките ги објави „Њујорк Тајмс“, потоа излезе цела книга, а Нејтан Фабр стана вистинска ѕвезда.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња