Советскиот спорт со очите на легендарниот фотограф Лев Бородулин (ФОТО)

Borodulin Collection
Тој беше познат не само во СССР, туку и во целиот свет. За својата професија доби голем број признанија. Погледнете ги неговите најдобри снимки.

Лев Бородулин (1923-2018) беше вистинска легенда на советската спортска фотографија и еден од водечките фотографи на култното списание „Огоњок“. Овој иноватор во жанрот спортска фотографија ја продолжи традицијата на авангардните уметници како што е Александар Родченко. Многу од неговите снимки се добро познати и се продаваа на најпознатите светски аукции.

За време на Олимписките игри во 1960 година Бородулин ја направи познатата фотографија „Од скокалницата“ која се најде на насловната страница на списанието „Огоњок“. На неа спортистката е фатена одзади во моментот на скокот. Советската власт ја критикуваше фотографијата за нејзиниот формализам и фриволноста, па така таа истовремено стана скандалозна и позната.

Погледнете ја оваа и другите познати фотографии на советскиот мајстор.

Скок во вода (Од скокалницата), 1960.

Спортска парада, 1956.

А кои се судиите? 1957

Воден фестивал, 1960.

Гимнастички круг, 1967.

Спортски орнамент, 1956.

Во вселената! 1964.

Во кривина, 1955.

Од 3 август до 17 ноември 2023 година во Еврејскиот музеј и центар за толеранција во Москва ќе биде одржана изложбата „Лев Бородулин – Претчувство на моментот“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња