Во Русија почна прикажувањето на ТВ-серијата „Јужен ветар. На граница“ со Милош Биковиќ

Archangel Digital Studios, М.Аврамовић, 2023
Руското онлајн-кино „Окко“ на 8 март почна со проекција на криминалистичкиот трилер „Јужен ветар. На граница“ од 10 епизоди, во руско-српска копродукција.

Во Србија зад проектот стои продуцентската куќа на Милош Биковиќ Archangel Digital Studios.

Биковиќ го игра главниот лик, белградскиот криминалец Петар Мараш, кој доаѓа во конфликт со газдата на српското подземје наречен Црвениот, игран од Александар Берчек. Бегајќи од платените убијци, Мараш доаѓа до Русија каде се соочува со Лариса, агент на тајната служба (Оксана Акиншина) и ненамерно станува вмешан во смртта на нејзиниот брат. Во потера по Петар тргнуваат српски, руски и американски специјални агенти, како и моќни мафијашки кланови од Југоисточна Европа.

„За мене овој проект е многу важен бидејќи не само што ја имам главната улога во него, туку сум и еден од продуцентите. Вложив многу сила и енергија во тоа и мило ми е што руските гледачи ќе го видат наскоро. Тоа е добра можност за гледачите да ѕирнат во светот на мрачното подземје од безбедно растојание, да го запознаат и да извлечат свои заклучоци“, истакна Биковиќ. 

Покрај руски актери, во проектот учествуваат и Ерик Робертс, Вилијам Болдвин, Предраг Манојловиќ, Миодраг Радоњиќ, Јована Стојиљковиќ и други.

„Јужен ветар. На граница” е логично продолжение на филмот „Јужен ветар“ – најголемиот проект на Балканот во последните 10 години. Сниман е во Русија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња