„Руска пирамида“ е многу популарна варијација на познатата игра која е тешко да ја совладате до совршенство.
„Руската пирамида“ како посебен вид билјард се појавила во Русија околу XVIII век. Се стекнала со значителна популарност во Руската империја и останала популарна игра години подоцна, главно во постсоветските држави, Финска, Полска, Монголија и Грција, но и во други земји низ светот.
Руската верзија има неколку уникатни карактеристики што ја разликуваат од другите популарни варијации на играта, како што се американски билјард или снукер. Се игра на маси со димензии 370 cm на 180 cm. Билите во оваа верзија на играта се поголеми, со дијаметар приближно 68 mm за разлика од стандардните американски били за билјард кои се само 57 mm.
Тежината на билите исто така варира. За играње на руската пирамидална верзија на играта се користат били од 280-285 грама, додека американските играчи во билјард користат били од 160-170 грама. Има вкупно 15 нумерирани били и една ненумерирана била. Стандардните били доаѓаат во бела боја, додека билата со која се удира е единствената што се разликува по боја во оваа верзија на играта.
Сепак, она што вистински ја издвојува „руската пирамида“ од другите варијации на играта е големината на дупките, особено во однос на големината на билите.
Масата од 12 стапки има шест дупки кои се само неколку милиметри пошироки од билите. Следствено, играта бара од играчите подобра вештина, екстремна прецизност и многу висока прецизност на ударите за да се натпреваруваат.
Руската пирамида понекогаш се нарекува „билјард шах“ поради степенот на стратешко размислување потребен за навигација во карактеристичниот систем на бодување.
За да победи во играта „Руска пирамида“, играчот мора да постигне вкупно 71 поен. Меѓутоа, во оваа верзија на играта, играчот ги брои поените според бројките напишани на билите, а не според вкупната количина на били што паѓаат во дупките. Згора на тоа, на играчите им е дозволено да ја користат само обоената била за да удираат со неа, а не и другите.
„Руската пирамида“ е најпопуларната варијација на рускиот билјард, но не и единствената. Двете други најпопуларни варијации на овој вид билјард се „Московска пирамида“ и „Американка“ кои се нешто полесни за играње, поради променетите правила.
Во играта „Московска пирамида“ целта е да се биде првиот што ќе стави осум били во џеб - без разлика на нивната релативна бодовна тежина - користејќи ја само „билата“ за удар. Во таканаречената американска верзија на рускиот билјард, играчот се обидува да уфрли било кои осум били без разлика на нивната бодовна тежина, но му е дозволено за удирање да ја користи секоја била што ја сака.
Кликнете овде за да ја дознаете приказната зад „Рускиот рулет“, озлогласената СМРТОНОСНА игра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче