Уметниците за керамика кои работат во древната технологија на гжељска мајолика денес можат да се избројат на прстите од едната рака. Нивните производи слабо потсетуваат на она што во масовната свест се асоцира со гжељската керамиката. Имено, тие користат пет бои на садовите изработуваат фолклорни мотиви.
Гжељската мајолика изискува сложена технологија на производство. Но, постојат и други техники како што се гжељскиот полуфајанс, фајанс и порцелан, глинени садови и порцелан, кои се развивале паралелно во текот на последните неколку векови. Нив ги користат фабриките и семејните работилници. Покрај тоа, постојат и самостојни уметници кои се признаени на полето на бело-синиот порцелан. Ги има десетина на број. „Тие имаат своја секција во Рускиот историски музеј. Тоа веќе не е занает, туку уметност“, вели Валентин Розанов, еден од водечките мајстори на гжељската керамика.
Таквите уметници работат самостојно над производот во текот на целиот производствен циклус: од парче глина до сликање, глазирање и печење. „Уметникот ќе работи напорно на својот бокал два месеци, а на крајот бокалот ќе пукне при печењето и ќе мора да направи сé повторно... Процентот на шкарт во авторската керамика достигнува педесет проценти, технологијата е толку сложена што тоа се случува и ако ви падне раце глина со послаб квалитет“, вели Розанов.
А каков пат поминал овој занает од едноставна грнчарија до еден од најпрепознатливите стилови на руската народна уметност?
Гжељ е називот на цел реон оддалечен 60 километри од Москва, кој се состои од околу 30 села. Во тој крај, од дамнина познат по својата добра глина, никогаш немало благороднички имоти или кметови. Таму имало грнчарски работилници, стотици такви. Некои опстанале до денес како семеен бизнис, а некои прераснале во огромни фабрики, на кои државата им обезбедува бројни олеснувања.
Жителите на гжељските села и денес пронаоѓаат во своите градини остатоци од едноставно насликани играчки или чинии, стари 200-300 години.
Ископувања во 2022 година. На местото на куќата на еден од гжељските фабриканти се пронајдени фрагменти од XVII, XVIII и XIX век.
Олег Тјуленев/ГЖЕЛЬСКОЕ МОРЕВо XVII локалните работилници стануваат производители на садови за аптекарство, кои ѝ ги продаваат на државата. Аптекарските теглички и шишенца тогаш се правеле исклучиво од керамика.
Аптекарска тегличка од XX и XVIII век
Олег Тјуленев/ГЖЕЛЬСКОЕ МОРЕ„Луѓето се занимаваат со тоа што може да ги прехрани“, вели Валентин Розанов. „Денес половина од дрвјата на ова место се исечени, а некогаш насекаде наоколу имало шуми. Затоа староверците заминувале таму да се кријат од прогоните. А на површината на земјата се појавувале десетина видови глина: од бела до кафена. Сакале – не сакале, глината ја користеле за технички цели. Староверците живееле тука во заедници, граделе свои цркви. Секогаш со себе донесувале занаети, ја сакале рачната работа. Благодарение на тоа и на глината, територијата на Гжељ станала центар на керамиката“.
Гжељските садови, се разбира, на почетокот не биле ниту сино-бели, ниту порцелански. Најпрвин се појавила обичната теракота или „печена земја“.
Глината при сушењето станува порозна, течноста може да помине низ ѕидовите, па грнчарите користеле различни начини за нејзина обработка. Веднаш по печењето, додека е уште вжарена, ја потопувале во течен раствор сличен на тесто за палачинки. Или ќе ја потопеле во млеко пред да се пече.
Во XVII век Петар I, кој толку многу ја сакал Холандија и нејзините сини керамички плочки, ги вовел во мода чиниите со син раб. А во XVIII век до Гжељ стигнала славата на обоената европска мајолика - порозна керамика која е целосно покриена со глазура. Ја купувале богатите благородници, а технологијата на изработка била скапа и комплицирана. Гжељските мајстори почнале да бараат рецептури и начини за поедноставување и унапредување на производството. Така настанала „гжељската мајолика“: со пет бои, земјена, со народни орнаменти.
Квасник, гжељска мајолика, XVIII век
Олег Тјуленев/ГЖЕЛЬСКОЕ МОРЕДо ден-денес се зачувани музејски примероци на мајолика, вклучувајќи и гжељски квасници (шишиња за држење и послужување квас) со украсни рачки и отвор во средината. „Се претпоставува дека во овие отвори вметнувале мраз за да се лади квасот“, вели Валентин Розанов. „Додека некои сметаат дека отворот бил неопходен за да може да се нанижат повеќе квасници на рака кога се послужуваат гостите. За нас, уметниците, тој отвор е декоративен елемент“.
Паралелно со мајоликата се развивале и други техники на гжељската керамика: полуфајанс, фајанс, порцелан. Гжељските мајстори барале рецептури за изработка на керамика од странство, бидејќи странската керамика била многу ценета во Русија и била многу скапа. Така настанал полуфајансот - исклучиво гжељска керамика. Бил погруб од европскиот фајанс, но пофин и помалку порозен. Мајсторите толку многу станале вешти во сликањето што полуфајансот зазел посебно место во гжељската керамика. Потоа се појавил и финиот фајанс. Што се однесува до порцеланот, кинескиот, а подоцна и европскиот порцелан, во Русија вредел колку златото.
Селски садови, од асортиманот на фабриките на М. С. и И. Е. Кузнецов, Ј. Т. Фартаљни, фајанс од крајот на XIX век
Олег Тјуленев/ГЖЕЛЬСКОЕ МОРЕ„Кинезите ја чувале тајната на порцеланот. Во Германија имало дури и тајно производство при кое се обидувале да направат свој порцелан“, вели Валентин Розанов. Во Кина се користеле чисти состојки, директно од земја. Земале каолин и камен, ги дробеле, мешале и добивале порцелан. Европејците користеле материјали од сопствени ресурси. Кога порцеланот пристигнал во Русија, и Русите почнале да смислуваат сопствена рецептура. Затоа порцеланот во различни земји е различен. Во Гжељ имало стотици фабрики и работилници. Некои производители продолжиле да се занимаваат со обична грнчарија, а оние кои биле поснаодливи, отвориле производство на порцелан со скапа опрема.
Делумно поради порцеланот гжељот останал син. Бело-синото сликање се вратило во мода во XIX век. Тоа е затоа што порцеланот се пече на многу висока температура, а најголемиот дел од обичната мајолика во смеѓа, зелена и портокалова нијанса гори на такви температури. Додека кобалтот, од кој се добива сината боја, може да издржи високи температури. Најквалитетната глина при печење дава бела боја.
Еден од основните и најпознати мотиви не само на гжељската керамика, туку и на целата светска применета уметност е розата. Во гжељската интерпретација таа е специфична, вели Валентин Розанов: „Розата е затворена, се слика во три-четири потези, и секој уметник има своја. Ние можеме со еден поглед да го доживееме уметникот, но никогаш не можеме да ја повториме неговата роза. Тоа не е едноставно париче, туку благороден и ценет, редок цвет. Луѓето отсекогаш се стремеле кон нешто возвишено. Уметниците од двете страни на четкичката земаат различно количество боја и со еден потег ѝ даваат на сликата и сенка и длабочина - така се дистрибуира бојата при кружен потег“.
За жал, на почетокот на XX век поради индустриската револуција гжељската керамика почнала да исчезнува, бидејќи веќе никому не била потребна. Фабриките биле национализирани, производството ги изгубило газдите кои се грижеле за неа. Мажите заминувале во војна, а само тие во Гжељ се занимавале со керамика, додека жените работеле во домаќинството.
Селски садови, од асортиманот на фабриките на М. С. и И. Е. Кузнецов, Ј. Т. Фартаљни, фајанс од крајот на XIX век
Олег Тјуленев/ГЖЕЛЬСКОЕ МОРЕВо 1940-тите во Гжељ, по излегувањето од логор, дошол историчарот на уметност Александар Салтиков и почнал да работи на обнова на овој занает. Ги вратил работниците на работа, го обновил технолошкиот процес, а подоцна во Москва ја вклучил гжељската керамика во музејските колекции и иницирал ископувања. Под негово раководство работела и многу познатата уметница Наталија Бесарабова. Заедно ја создале гжељската „азбука на потези со четка“. Истовремено, во средните стручни училишта било воведено школување за работа со керамика. И порцеланот станал исклучиво женска работа. Кога во 1974 година Валентин Розанов дошол да работи во фабриката за производство на гжељска керамика, тој бил единствениот маж меѓу работничките.
Чинија со роза, Валентин Розанов
Валентин РозановДенес во Гжељ постои државен институт со катедра за ликовна уметност и народна ликовна култура. Производителите кои се сертифицирани и ја негуваат народната уметност државата ги ослободува од данок. Исто така, им ги компензира и трошоците за одржување на големи изложби. Додека гжељските уметници без постојано вработување се борат за чистотата на својот занает: „Има многу работилници. И гледаме дека има успешни дела, но и груба изработка. Се бориме против несовесните производители. Тие го дискредитираат гжељот продавајќи лоши, неквалитетни производи“, вели Розанов. Сепак, тој е убеден дека гжељот ќе преживее.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче