Еден од најдобрите филмови на Андреј Тарковски е снимен главно во Псковската област. Студениот тип на северниот појас на Русија и неговите матни пејзажи се комбинираат овде со архитектонските споменици кои играат важна улога во филмот. Патем, „Мосфилм“ неодамна ја прикачи реставрираната режисерска верзија на филмот, каде што можете да дознаете уште повеќе за самиот Тарковски и неговото дело, како и за природата на тој крај.
Ова е трагична приказна за декабристите и нивните сопруги кои ги придружувале во Сибир. Таму, во Иркутскиот дом на културата и на брегот на величественото Бајкалско езеро, дојде до нивна средба во филм во кој главните улоги ги одигра цела плејада советски филмски ѕвезди.
За овој филм јапонскиот режисер Акира Куросава доби „Оскар“. Тоа беше неговиот прв филм на странски јазик, а беше снимен за студиото „Мосфилм“. Куросава одамна се воодушевувал од авантуристичката проза на Владимир Арсењев, патописец и истражувач на Далечниот Исток, но не можел да ја екранизира бидејќи природата во Јапонија, иако не е далеку од местото на настанот, сепак по релјефот битно се разликува од руската. Затоа, Куросава со задоволство го прифатил предлогот да сними филм за СССР. Така настана „Дерсу Узала“, кој делумно се снимаше во Приморскиот крај во близина на градот и реката кои го носат името на писателот Арсењев.
Ова беше главниот хит на перестројката, познат меѓу другото и по тоа што во финалето се свири „Промени!“, познатата песна на групата „Кино“. Режисерот Сергеј Соловјов го сними овој филм во текот на зимата во Јалта, на Крим. И презимето на главниот лик е Кримов. Приказната за љубовниот триаголник помеѓу скромната медицинска сестра Алика, криминалецот Кримов и ексцентричниот млад човек со прекар Бананан се одвива во средина во која доминираат морето и планините. Еден од клучните моменти во оваа љубовна трагедија во три чина е возењето со жичница, каде од птичја перспектива се пружа поглед на градот.
Најпознатиот филм на режисерот Андреј Звјагинцев доби награда за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал и награда „Златен глобус“ во номинацијата за „Најдобар странски филм“. Тоа е приказна за конфликт помеѓу обичен автомеханичар и корумпиран градоначалник на приморски град каде што се случува дејството. „Левијатан“ е снимен во селото Териберка на полуостровот Кола. Уникатните пејзажи на Рускиот Север им оставија таков впечаток на гледачите на „Левијатан“ што по премиерата на овој филм селото Териберка стана едно од најпопуларните туристички дестинации во Русија.
https://sovietmoviesonline.com/drama/leviafan
https://www.amazon.com/Leviathan-Roman-Madyanov/dp/B00WAIQ4V4
Овде се сите варијанти за преглед https://www.justwatch.com/us/movie/leviathan-2014
Поларниот трилер во режија на Алексеј Попогрепски освои две награди на Берлинскиот филмски фестивал. Тоа е приказна за искусен началник на поларна станица и млад стажант кој треба да донесе една од најтешките одлуки во својот живот. Суровата природа на Чукотка, покриена со снег, која ја заплиснува Арктичкиот океан, и преку екранот го доловува студенило и ги изострува реакциите на инстинктите на главните ликови кои се обидуваат да останат луѓе и во најтешките искушенија.
https://www.amazon.com/gp/video/detail/0SGFKZBHMMFIOPPDP0SN3ODTLK/ref=atv_dl_rdr?tag=justus1ktp-20
Жешката и живописна комедија во режија на Жора Крижовников е вистински колаж од руските обичаи. Невестата и младоженецот сакаат да организираат две свадби во исто време - едната за нивните родители, а другата, помодерна, во европски стил, за себе. Локацијата го овозможува тоа бидејќи идното семејство живее во Геленџик, едно од најпознатите руски одморалишта на Црното море. Во филмот можете да ги видите живописните планини и морето, како и несекојдневниот колорит на народната веселба.
https://www.amazon.com/Kiss-Them-All-English-Subtitled/dp/B00Q4FCHI8
https://www.netflix.com/ru-en/title/81327383
https://tv.apple.com/us/movie/kiss-them-all/umc.cmc.5ahb5tneinjvnuzrnwaroyqwo
Авантуристички филм за геолози и ископувачи на злато, романтичари од ерата на „Хрушчовското затоплување“, кои се обидуваат да избегаат од проблемите во далечни и непознати краишта. Во филмот во режија на Александар Мељник може да се видат и тундрата, и тајгата, и планини, и реки, сите во различни годишни времиња. Филмот во најголемиот дел е сниман на територијата на природниот резерват Плато Путорана во Сибир, што е уникатна комбинација на различни видови релјеф. Резерватот е на листата на Светско наследство на УНЕСКО.
https://sovietmoviesonline.com/adventure/territory
https://reelgood.com/movie/territory-2015
Авантуристичката комедија за детектив кој неочекувано се вселува во телото на мало дете се појави уште пред американската анимирана комедија „Малиот шеф“ (The Boss Baby). Филмот користи компјутерска графика, која во тоа време беше иновативна за рускиот филм, а местото на снимање се колоритниот Владивосток и величествениот Руски остров.
Дебитантскиот филм на еден од најпознатите млади руски режисери Кантемир Балагов ја доби наградата FIPRESCI во програмата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал. Филмот е снимен според вистинска приказна, а дејството се случува на крајот на 1990-тите на Северен Кавказ во градот Налчик, каде што е роден и израснат самиот режисер. Во филмот се прикажани и националните конфликти и приказната за растењето на Илана, девојка која сака да избега од повеќевековните обичаи. Како противтежа на таа збиена приказна, практично затворена во четири ѕида, во филмот е прикажана величествената природа на Северен Кавказ со неговите планински реки и водопади.
https://www.amazon.com/gp/video/detail/0PDQCGUW8R8K6Q12GYDX1O1020/ref=atv_dl_rdr?tag=justus1ktp-20
Сите опции
https://www.justwatch.com/us/movie/closeness
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче