„Чернобил“ (2019)
Биографијата на Горбачов е незамислива без чернобилската катастрофа и неговата улога во ликвидацијата на нејзините последици. Во истоимената серија од пет епизоди на Ејч-Би-Оу, улогата на советскиот претседател ја толкуваше шведскиот актер Дејвид Денсик, прикажувајќи го како бирократ кој не изгубил контакт со реалноста.
„Гол пиштол“ (1988)
Американската пародија со Лесли Нилсен прикажува верзија според која советскиот претседател всушност го нема карактеристичниот белег на главата. Тука Горбачов, кој учествува во светскиот заговор против Америка, беше игран од Дејвид Лојд Остин. Патем, истиот актер се обиде во оваа улога уште двапати: во советскиот филм „Ноќниот воз за Москва“ и во серијата „Контранапад“ со Кристофер Пламер.
„Роки 4“ (1985)
Во четвртиот дел од франшизата Роки Балбоа влегува во рингот против советската машина за убивање Иван Драго, кој поради некоја причина е постојано под будното око на генералниот секретар лично (поради некоја причина, тој е прикажан во филмот без препознатливиот белег).
„Во Дерибасовската улица е убаво времето или Во Брајтон Бич повторно врне“ (1992)
Најновиот филм на Леонид Гајдар започнува и завршува со хумористични сцени во кои Горбачов зборува на телефон со Џорџ Буш постариот, додека рускиот мафијашки бос Рабинович постојано им се меша во разговорот.
„Saturday Night Live” (1987)
Во еден хумористичен скеч од крајот на 1980-тите во емисијата Saturday Night Live, Горбачов го играше Дени Де Вито. Според заплетот, претседателот на САД Роналд Реган го води советскиот политичар на турнеја низ округот Колумбија и му раскажува за историјата на САД преку примерот на холивудските филмови.
„Симпсонови“ (1996)
Горбачов имаше камео појавување во анимираната серија „Симпсонови“ во 1996 година. Тој моли Џорџ Буш Постариот да му се извини на Хомер Симпсон, со кој неодамна се степал. Американскиот политичар не сака „да покаже слабост пред Русинот“, но на крајот сепак се извинува.
Во 1996 година се појави необична нумера. Диџеј Грув ја сними песната „Има среќа“ со гласовите на Михаил и Раиса Горбачов и тоа по нивна желба. Според Евгениј Рудин (Грув), на Горбачов му било потребно да ѝ се обрати на младата генерација. Експериментот успеа и песната стана хит во 90-тите.
„Горбачов како Индијка“, Владислав Мамишев-Монро
Овој портрет на Горбачов е направен додека тој сè уште беше на власт, па дури и се појави на насловните страници на западните списанија. Горбачов во вид на индиски травестит е дело на уметникот Владислав Мамишев-Монро, кој има циклус „Политбиро“ со советските партиски лидери. Тој ги пресоблече сите и ги нашминка, според едно објаснување, во случај да избегаат од Кремљ. Тоа е алузија на легендата за советскиот министер Александар Керенски, кој наводно побегнал од Петроград во женски фустан.
„Четириесет Горбија“, Питер Макс (1989)
Умножен во 40 примероци, портретот на Горбачов го направи еден од главните актери на поп-артот Питер Макс. Политичарот обрна внимание на тоа и го покани уметникот да ја одржи својата изложба во Ленинград (денешен Санкт Петербург).
„Триптих“, Александар Косолапов (1990)
Класикот на соц-артот, кога емигрираше во САД, го поврза Горбачов со симболот на западната култура и советската пропаганда.
Pizza Hut
Во 1997 година Горбачов се појави во реклама за американските ресторани Pizza Hut. Според сценариото, тој доаѓа во пицерија, посетителите го препознаваат и започнуваат разговор за наследството на советскиот претседател. Од една страна го обвинуваат дека предизвикал распад на земјата, а од друга го фалат дека на луѓето им дал нови можности. Сé завршува така што една старица вели: Да не беше Горбачов, Русите немаше да имаат Pizza Hut.
Во 2010 година магазинот „Тајм“ ја вклучи оваа реклама во списокот на „Најсрамните реклами со учество на познати личности“. Горбачов на тоа одговори дека се согласил да ја сними рекламата бидејќи му требале пари за финансирање на Фондацијата „Горбачов“ и Меѓународниот зелен крст.
Луј Витон
Горбачов беше добро упатен во модата и лично познаваше многу познати дизајнери. Во 2007 година, политичарот кој беше „најблизок до народот“ (тој беше единствениот лидер на нацијата кој се појави во реклама) стана заштитно лице на модната куќа „Луј Витон“ и учествуваше во нивната рекламна кампања. Во рекламата Горбачов седи во автомобил, а до него има торба „Витон“, додека во позадина се гледа Берлинскиот ѕид. Идејата да го снимаат покрај ѕидот потекна од самиот Горбачов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче