Американските анимирани ликови Рик и Марти се здобија со советски имиџ (ФОТО)

Прокопиј Уљашов
Рускиот уметник Прокопиј Уљашов често се занимава со преосмислување на познати анимирани јунаци.

Премиерата на шестата сезона на познатата анимирана серија за авантурите на лудиот научник и неговиот внук започна на 4 септември 2022 година. По тој повод рускиот уметник Прокопиус Уљашов објави серија дела со овие два лика во нетипичен формат.

На „Инстаграм“ профилот на Уљашов, ликовите на Рик Санчез и Морти Смит се појавуваат во препознатливиот стил на неколкумина легендарни советски аниматори.

„За премиерата на новата сезона на „Рик и Морти“ решив да замислам како би изгледале овие ликови доколку на нив работеа легендарните советски аниматори. Мојата работа ја базирав на познатиот мем „Внатре и надвор. Дваесетминутна авантура“ во која ликовите Рик Санчез и Морти Смит стојат пред портал пред да тргнат во авантура, наивно претпоставувајќи дека таа ќе трае само 20 минути“, пишува Уљашов на „Инстаграм“.

Уметникот направи четири верзии на оригиналната сцена, од кои секоја е во стилот на еден или двајца советски аниматори.

Првата слика е во стилот на Александар Татарски и Игор Ковалев, кои правеа познати анимации од глина, како што се „Враната од пластелин“ и „Паѓаше ланскиот снег“.

„Инспирацијата за Рик ја најдов во ликот на малиот човек од „Ланскиот снег“, а за Морти во бушавковците со големи очи и усни од „Враната од пластелин“, објаснува Уљашов.

Наредниот цртеж е инспириран од стилот на советските уметници Дејвид Черкаски и Радна Сахалтуева, кои создадоа цртани филмови како „Островот на богатството“ и „Доживувањата на капетанот Врунгел“.

Овој цртеж е инспириран од работата на Леонид Носирев, кој е најпознат како режисер на анимираниот филм „Антошка“.

Последниот цртеж на проектот за Рик и Морти на Уљашов е направен во стилот на советскиот аниматор Аркадиј Шер, автор на познатиот цртан филм „Распуст во Простоквашино“.

Ова не е прв пат Прокопиј Уљашов, 28-годишен стручњак за маркетинг во студиото за анимација „Сојузмултфилм“ во Москва да преосмислува познати анимирани ликови во согласност со советската традиција за анимација. Во својот претходен проект тој ја прикажа на поинаков начин „сцената на каучот“ од „Симпсонови“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња