Легендарните советски фолклорни ансамбли на ФОТОГРАФИИ

Ставрополски народен кореографски ансамбл „Ровесник“.

Ставрополски народен кореографски ансамбл „Ровесник“.

Константин Тарусов/TASS
Претставите на традиционални танци на различни народи за СССР беа популарни како балетот. Советските културно-уметнички друштва честопати гостуваа во странство.

Ансамбл на народни игри на СССР

Ансамбл на народни игри на СССР. Танц „Пољанка“.

Патриотскиот руски „народен“ танц почнал да се развива на големата сцена по војната што Русија ја водела во 1812 година против Франција на Наполеон. До крајот на 19 век постоел тренд на враќање на руските корени и сè што е руско станало неверојатно популарно (вклучувајќи ги традиционалната архитектура, носиите и домашните ракотворби).

Народен танц од 1930-тите

Изведувачи на народни песни и игри.

Театарот „Болшој“ во текот на 1910-тите го поставил на сцената „Танцот на народите“. Долго време немало билети во слободна продажба, бидејќи сите биле распродавани штом ќе се појавеле на каса.

Киргиски фолклорен ансамбл

Ансамбл на народни игри

Советските власти ги поддржуваа народните игри како еден од начините да ги обединат народите во мултиетничка земја и на тој начин да ја покажат нејзината разноликост.

Масовен танц на Урал, 1950-тите

Ансамбл на народни игри

Советската ера го изнедри„народниот сценски танц“, сосема нов феномен - спој на професионална кореографија и народна игра.

Концерт на народни игри во Севастопол, 1955.

Во Советскиот Сојуз постоеја дваесетина професионални фолклорни ансамбли и стотици аматерски колективи кои во бранот на масовната популарност на аматерскиот уметнички настап беа основани во многу училишта, универзитети и домови на културата.

Деца танцуваат на прославата на Нова година во градинка, од 1940-тите

Прослава на Нова година

Во 1930-тите беше создаден „Сесојузниот фестивал на народни игри“, на кој беа застапени речиси сите националности на СССР.

Народен танц во пионерскиот камп „Артек“, 1945.

Пионерски камп „Артек“

Ниеден поголем празник не поминуваше без настап на фолклорна група.

Фестивал на жетвата во Краснодар, 1953.

Празник на жетвата, Кубањ.

Имајќи го предвид големото позитивно влијание на народната игра врз културната и националната политика, советските власти покренаа иницијатива за формирање на Државниот академски ансамбл на народни игри, на чие чело беше Игор Мојсеев, кореограф на театарот „Болшој“.

Игор Мојсеев на проба, 1956.

Кореографот Игор Мојсеев.

„Балетскиот ансамбл на Игор Мојсеев“ („Државен академски ансамбл на народни игри Игор Мојсеев“) и понатаму гостува ширум светот. Тој е исто така многу познат и во Русија и често се појавува на сцената на театарот „Болшој“.

Руски танц, Ансамблот на Игор Мојсеев, 1957.

На репертоарот на балетскиот ансамбл на Игор Мојсеев имаше околу 200 „танци на народите на СССР“, ако не и повеќе.

„Метелица“ („Виулица“), од 1950-тите.

Ансамблот на народни игри на СССР ја изведува „Метелица“.

Украински танц, Ансамблот на Игор Мојсеев

Украинска свита „Весњанки“ („Пролетни песни“).

Во 1948 година е основан женскиот ансамбл „Берјозка“ кој исто така стана многу популарен и изведува првенствено руски и словенски танцови композиции.

Ансамбл „Берјозка“ на сцена, 1970-тите.

Народниот танц стана толку познат што повеќето кореографски училишта отворија посебни одделенија за обука.

Познатиот танчар Лав Голованов изведува руски танц

„Руска свита“, Лав Голованов.

Наведуваме само некои од народните танци масовно изведувани во СССР.

Руски танц

Ансамбл на руски народни песни и игри.

Украински танц „хопак“ 

Осетински танц

Калмички танц

Естонски танц

Ансамбл на народни игри на СССР. Естонска полка, Тамара Зејферт и Борис Березин.

Молдавски танц

Ансамбл на народни игри на СССР. Танц на молдавските Цигани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња