

На 6 август 2022 година околу 6000 SUP-сурфери „продефилираа“ по реките и каналите на Санкт Петербург.

Седмиот фестивал „Фонтанка-SUP” за сурфери на даска во стоечка положба беше еден од најмасовните фестивали од ваков вид во целиот свет.

Сите учесници носеа костими. Меѓу нив имаше амазонки, царици, вдовици, вештерки и многу други.


Поединци поведоа и домашни миленици (кои исто така беа костимирани).

На фестивалот се одржа дури и избор за „Miss SUP“.

Патеката беше долга околу девет километри и го обиколуваше центарот на градот. Стартната точка беше на реката Мојка покрај Михајловскиот дворец и истовремено беше и целта по кругот направен по реката Фонтанка и каналите „Крјуково“ и „Грибоедов“.

Учесниците поминаа под триесетина мостови, а еден од нив беше и Аничковиот мост под Невскиот проспект, главната улица на Санкт Петербург.

Костимираните сурфери патем разгледуваа многу познати знаменитости на Санкт Петербург, вклучувајќи го и Николскиот поморски храм и храмот „Спас на Крвта“.

Фестивалот „Фонтанка-SUP“ го доби името по реката Фонтанка во Санкт Петербург и градскиот информативен сајт Fontanka.ru, која го организира овој фестивал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче