Советскиот балет на култни фотографии

Евгений Умнов/МАММ/МДФ
Познатиот фотограф Евгениј Умнов забележа некои од најспектакуларните моменти, како за време на балетските претстави, така и зад кулисите!
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Евгениј Умнов денес се смета за класичен советски фотограф, мајстор на репортажниот жанр и хроничар на Москва. Низ неговиот објектив луѓето сега можат да ги видат не само пејзажите на градот и портретите на неговите граѓани, туку и неверојатниот свет на балетот и танцот.

Две децении Умнов го фотографираше театарот Болшој, особено неговата безвременска ѕвезда, легендарната балерина Маја Плисецкаја. На сцената таа беше толку поинаква. Изведувајќи ја или страсната Кармен…

…или храбрата млада Китри во „Дон Кихот“… 

…или лелеавата Одета во „Лебедово езеро“. 

Умнов ја фотографираше оваа легендарна балерина и зад кулисите. 

Прекрасните портрети на познати личности што ги направи Умнов се најдоа на насловните страници на најпрестижните советски списанија.

Уште една голема советска балерина и примабалерина на театарот Болшој театарот која Умнов ја набљудуваше низ својот објектив беше Олга Лепешинскаја (на фотографијата подолу како Баханта во танцот „Валпургиска ноќ“ во операта „Фауст“).

И сјајната примабалерина на театарот Болшој Галина Уланова, која тогаш во оваа улога ја замени Плисецкаја. На сликата подолу како Јулија, со Михаил Габович како Ромео.

На овие фотографии се чини како балетските ѕвезди буквално летаат, а не танцуваат. Како и „музата“ на Умнова, Маја Плисецкаја во балетот „Рајмонда“.

И повторно Плисецкаја во „Дон Кихот“… 

…или Нина Тимофеева во „Лебедово езеро“. И како Одетa… 

…и како нејзиното злобно алтер-его Одилија. 

Балетаните обично беа во сенка на брилијантните примабалерини, но не и Јарослав Сех. На фотографијата подолу, тој ја игра улогата на Паганини во балетот „Рапсодија“ поставен на музика на Сергеј Рахманинов „Рапсодија на Паганиниева тема“. 

Денес некои од култните дела на Евгениј Умнов можат да се сместат во златниот фонд на балетската фотографија. Исто како и оваа позната снимка од „Лебедово езеро“. 

Згора на тоа, Умнов покажа дека балетските танчери не се само бестежински небесни суштества, туку и реални луѓе. Еве една негова фотографија на кои балерини се одмараат по настапот во филмската верзија на балетот „Силфид“. Гледаме колку е студено на филмскиот сет и дека овие кревки девојки во нивните лесни фустани морале да се нагрнат.

Ова се балерини во кафетерија. Да, и тие јадат понекогаш! 

Добро! Барем пијат кафе! 

И секогаш брзаат на своите позиции откако ќе го слушнат последниот повик.  

Умнов исто така забележа млади танчери кои се подготвуваат за својот голем балетски свет.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња