Руските бајки на сликите на познати уметници

Третјаковска галерија
Нурнете во фасцинантниот свет на руските народни приказни и легенди прикажан на платната на овие сликари.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Кон крајот на XIX век во Русија се здобива со популарност „рускиот“ или „неорускиот“ стил. Претставници на најразлични сфери на уметноста се свртеа кон своите корени и почнаа да бараат инспирација во националниот фолклор и популарните графики на народни теми. Така, мотиви од народните бајки навлегоа во архитектурата (се појавија на градбите слични на старите дворци), музиката и сликарството. Во тоа време цела Европа навива за познатите „Руски годишни времиња“ на Сергеј Дјагилев, кои ги отсликуваа руските фолклорни сижеа и во театарската уметност.

Виктор Васнецов (1848-1926) е веројатно најпознатиот уметник кој се занимаваше со сижеа од бајките. Наслика импресивен број дела на фолклорни теми. Се смета за основач на „неорускиот“ стил во сликарството. Почна како реалист и го помина развојниот пат сé до сецесијата.

Виктор Васнецов: Летечкиот килим, 1880.

Виктор Васнецов: Богатири, 1898.  

Виктор Васнецов: Принцот Иван на сивиот волк, 1889.

Виктор Васнецов: Принцезата-жаба, 1918.

Виктор Васнецов: Кашчеј Бесмртниот, 1926.

Друг најпознат уметник кој зад себе остави огромно наследство на полето на прикази од бајките е Иван Билибин (1876-1942). Тој беше театарски сценограф кој работеше сценографии за опери врз основа на руски сижеа како што се „Кнезот Игор“ на Александар Бородин, „Жар-птицата“ на Игор Стравински, „Златното петле“ и „Садко“ на Николај Римски-Корсаков, „Руслан и Људмила“ на Михаил Глинка. Меѓутоа, се стекна со слава и влезе во историјата благодарение на илустрациите за книгите со руски бајки, а особено за бајките на Александар Пушкин, засновани на фолклорни сижеа.

Иван Билибин: Принцот Иван и Жар-птицата, 1899.

Иван Билибин: Баба Јага, 1900.

Иван Билибин: Бајката за царот Салтан, 1905.

Иван Билибин: Принцезата-жаба, 1899.

Иван Билибин: Кашчеј Бесмртниот, 1901.

И други руски уметници се занимаваа со сижеа од бајките. На пример, под влијание на познанството со Виктор Васнецов, Иљја Репин го наслика своето познато платно за рускиот епски херој Садко, кој оди на дното на морето и по наредба на морскиот цар бира невеста меѓу морските убавици. 

Иљја Рјепин: Садко, 1976.  

Михаил Врубељ (1856-1910), кој инспирирано твореше во стилот на сецесијата и симболизмот, се занимаваше со библиски сцени, паднати ангели и разна мистика, меѓутоа и со мотиви од бајките. Неговата сопруга Надежда Забела-Врубељ беше позната оперска пејачка и настапуваше во претставите на Дијагилев на „руска тематика“ „Садко“ и „Бајката за царот Салтан“. Се верува дека Врубељ го насликал својот циклус бајки под влијание на овие претстави.

Михаил Врубељ: Разделбата на Морскиот цар со принцезата Волхова, 1989.

Михаил Врубељ: Принцезата Лебед, 1900.

Повремено, темата на бајките ја обработуваа и други уметници. Познатиот театарски сценограф Леон Бакст (1866-1924) особено се прослави со неговите скици за балетот „Жар-птица“ на Игор Стравински, премиерно изведен во Париската опера.

Леон Бакст: Скица за костимот на Жар-птицата, 1910.

Теми од бајките се присутни и во творештвото на Сергеј Маљутин (1859-1937), театарски сценограф и илустратор на книги.

Сергеј Маљутин: Кашчеј, 1904.

Сергеј Маљутин: Морскиот цар, почеток на XX век

Сергеј Маљутин: Иљја Муромец, 1937.

По Октомвриската револуција иконописците од населбата Палех, познати по своите минијатури, беа принудени да ги напуштат иконописот и религиозните сцени. Своето мајсторство го пренасочија кон тематиката на руските бајки, основајќи „Ателје за древно сликарство“. Нивна подлога повеќе не беа таблите за икони, туку лакирани кутичиња.

Иван Вакуров: „Бајка за рибарот и рипката“ (приказ на поштенска марка од 1975 година)

Иван Вакуров: „Василиса Прекрасна“ (приказ на поштенска марка од 1975)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња