Запознајте го рускиот сликар кој комбинира Ренесанса и иконопис

Андреј Ремњов
Италијанската уметност, средновековното руско сликарство и авангардата на ХХ век - сето тоа се стопило во творештвото на самобитниот сликар Андреј Ремњов.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Ремњов е роден во Московската област, во гратчето Јахрома, каде што пејзажите, како што самиот тврди, „наликуваат на оние на Бројгел“. Завршува сликарско училиште, а потоа во раните 1990-ти учествува на културни размени и изложби во странство. Неговите дела се изложувани во галерии во Германија, Кипар, Холандија, Франција, Италија и Шпанија.

Ремњов смета дека еден од најважните правци во неговото творештво било проучувањето на иконописот под раководство на отец Вјачеслав, иконописец од Спасо-Андрониковиот манастир во Москва, познат по фреските на легендарниот Андреј Рубљов, најголемиот средновековен руски иконописец.

„Ги копирав најдобрите примери на староруското сликарство од XV-XVII век. Во исто време работев и на моите слики. Во тој период конечно се оформи мојата сопствена сликарска техника“, вели Андреј.

Денес, творештвото на Андреј се базира врз спој од неколку стилови и правци во светската уметност. На неговите платна се препознаваат мотиви на италијанската Ренесанса и руската иконописна традиција, како и на модернизмот и авангардата.

Рускиот сликар бил особено под влијание на мајсторите на Ренесансата. Тој смета дека руската и италијанската култура се нераскинливо поврзани: „Московскиот Кремљ, Успенскиот храм и Архангелскиот храм се изградени од италијански архитекти и тоа е нераскинлив дел од руската култура“.

Многу руски сликари од XIX век отишле во Италија да учат и да го усовршат своето мајсторство. Ремњов ја наследил таа традиција – и тој често патува по Италија и наоѓа инспирација во пејзажите на Поцуоли и Неапол, како и во сликите на Пјеро дела Франческа и Беноцо Гоцоли. Под впечаток на тие патувања настана цела серија од неговите дела со наслов „Лицето на стихијата“.

Мерно парче ткаенина, 2020.

Трета стража, 2020.

Одмор во Рим, 2017.

Бронислава, 2017. [Посветена на сестрата на Вацлав Нижински]

Веста, 2012.

Место на средба, 2015.

Навигатор, 2015.

Кротителка, 2002.

Разделена коса, 2014.

Црвенокоса, 2004.

Правецот на ветрот, 2019. (од серијата „Лицето на стихијата“)

Бојно поле, 2019. (од серијата „Лицето на стихијата“)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња