Родена во далечниот сибирски град Нерјунгри во Република Јакутија, Надежда Батоева како дете немала желба да стане балерина. Танцот случајно влегол во нејзиниот живот.
„Мајка ми ги носеше браќата на часови по танц, а јас им се придружував за да не трчам по ходниците“, се сеќава Надежда во едно интервју. Меѓутоа, на малата Надежда ѝ се допаднал танцот и еден семеен пријател ѝ предложил на мајка ѝ да ја проба среќата и да ја запише во балетско училиште.
На свое изненадување, Надежда го поминала приемниот испит за Академијата за руски балет „Агрипина Ваганова“ во Санкт Петербург, една од најпрестижните балетски школи во земјата (поранешната Царска балетска школа).
„Не знаев точно што е тоа балет. Мислев дека одам да танцувам, а не дека ќе учам“. Мајка ѝ заедно со неа се преселила во Санкт Петербург, оставајќи ги сопругот и двајцата синови во Сибир.
Во улогата на Китри во „Дон Кихот“
Александар Нефа/Мариински театарУчилиштето било строго и Надежда речиси неколку пати ќе била исфрлена од академијата. Тешко ѝ било да го достигне нивото на деца кои веќе имале сериозно искуство во спортот или танцот. Но, мислејќи на сите напори што ги вложила нејзината мајка и чувствувајќи одговорноста, Надежда напорно вежбала и учела.
Во улогата на Китри во „Дон Кихот“
Александар Нефа/Мариински театарКога дипломирала на академијата во 2009 година, Батоева веднаш се приклучила на балетската трупа на Мариинскиот театар во Санкт Петербург, каде диригирал легендарниот Валериј Гергиев. Нејзиниот прв успех на сцената дојде веднаш, во балетот „Спартак“.
Во балетот „Во средина, малку подигнато“ на Вилијам Форсајт
Александар Нефа/Мариински театарЗа време на нејзината 13-годишна кариера како балерина и солист во театарот, списокот на улоги на Надежда стана импресивен. Батоева ги играше главните улоги во големите балети како „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Ромео и Јулија“, „Корсар“, „Дон Кихот“, „Бајадера“ и многу други.
Во улогата на Пепелашка на кореографија на Алексеј Ратмански.
Александар Нефа/Мариински театарКонечно, на 11 јули 2022 година, таа беше прогласена за примабалерина на Маринскииот театар. Во наредната сезона премиерно во својот нов статус ќе заигра во балетот „Дванаесет“ според поемата на Александар Блок.
Во балетот „Легенда за љубовта“ на Јуриј Григорович
Александар Нефа/Мариински театарРепертоарот на Надежда е многу разновиден: во „Легендата за љубовта“ таа игра две спротивни улоги: Ширин и Мехмене Бану. Таа танцува класичен балет, експериментални поставки на Џорџ Баланшин и современа кореографија.
Во балетот „Легенда за љубовта“ на Јуриј Григорович
Александар Нефа/Мариински театарМеѓу достигнувањата на Надежда има и неколку награди, меѓу кои и наградата „Надеж на Русија“ од 2008 година. Во 2016 година, таа учествуваше во телевизиската програма „Големиот балет“ на рускиот канал „Култура“, каде се стекна со наклонетост на публиката, но и на жирито. Брижит Лефевр, балерина, кореограф и поранешена директорка на Париската опера, рече за неа дека е „силна жена“ и „инспирирана танчарка“, истакнувајќи го нејзиниот огнен темперамент.
Во улогата на Јулија
Александар Нефа/Мариински театар„Има многу силен карактер“, вели Константин Зверев, момче на Надежда и солист на Мариинскиот театар. „И е многу скромна личност“.
Како Зобеида во балетот „Шехерезада“ на Михаил Фокин (и Ким Кимин како робот на Зобеида)
Александар Нефа/Мариински театарНавистина, Батоева има исклучителен капацитет за работа и извонредна истрајност, во толкава мера што тоа е импресивно дури и за светот на балетот, за кој веќе е познато дека подразбира големи физички напори и психички притисок, поради огромната конкуренција. Во некои години Батоева имаше и до девет премиерни претстави. Излегувајќи на сцената, оваа навидум бестежинска балерина станува немирна хероина или романтична девојка. И нејзината насмевка никогаш не покажува замор ниту нервоза.
Како Китри во „Дон Кихот“
Александар Нефа/Мариински театарВо ретките денови кога е слободна, сака да се шета по Петербург и да ја гали својата мачка (но и тогаш не заборава на својата строга балетска диета). А на социјалните мрежи неуморно им упатува благодарност на своите партнери на сцената, како што се Ксандер Периш, Филип Степин и Ким Кимин, за поддршката и извонредната работа. И во сите околности го задржува позитивниот став!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче