7 уметнички ремек-дела од новата галерија во Москва (ФОТОГРАФИИ)

„Старински подароци“, прес служба
Летово во трговскиот центар „Гостини двор„ во руската престолнина беше отворена најголемата антикварна галерија во Русија „Старински подароци“. Во нејзината колекција се најдоа не само првокласни дела на руското сликарство , туку и мебел и дела на применетата уметност од царските одаи.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Еднокатниот простор на галеријата е отворен во близина на Црвениот плоштад, во московскиот трговски центар „Гостини двор“, каде вообичаено се одржуваат разни продажни изложби на уметнички дела. Редовен учесник на овие настани е основачот на „Старински подароци“ Михаил Суслов, антиквар и колекционер од Санкт Петербург познат во Русија и странство, потпретседател на Меѓународната конфедерација на колекционери, антиквари и дилери на уметнички дела. Неговите штандови на продажните изложби се квинтесенција на „рускиот“ вкус: стар руски и еврејски мебел од црвено дрво, царски порцелан и стакло, слики од класиците на руското сликарство од Орест Кипренски и Иљја Рјепин до Иван Шишкин и Иван Ајвазовски. Такви првокласни уметнички предмети си го најдоа своето место и во новата галерија, а ова се некои од најинтересните експонати.

Шах, почеток на ХХ век

На залезот на владеењето на Хабсбурговците во Австро-Унгарија на почетокот на XX век ваквите шаховски табли во ренесансен стил беа многу популарен и многу скап подарок. Таблата со уникатен дизајн покриена со сребрени, позлатени и оксидирани плочи, со релјефи, гравури и инкрустации од тиркиз и бисер, фигури од сребро и емајл, како и раскошен велур во кутијата за чување на фигурите, е дело на врвно јувелирско мајсторство.

Вазни на Императорската фабрика за порцелан, 1825.

Две позлатени вазни на бронзени штандови биле направени во Императорската фабрика за порцелан во Санкт Петербург како подарок за царот Николај I за Божик 1826 година. Украсени се со насликани орнаменти и рачки во вид на купидони со кавали. Слични вазни во пар направени во стилот ампир може да се видат денес во сите поранешни царски резиденции во Русија.

Комода, 1860-ти - 1870-ти

Специфичноста на оваа комода се крие во фактот што во средината на XVIII век во Русија, за разлика од Европа, немало развиено домашно производство на врвен мебел од скапоцени видови дрво. Направена е од петербуршки мајстори од црвено, розово, црно дрво и срцевина на дрво амарант по нарачка на индустријалецот Никита Демидов. Меѓу другото, при изработката на орнаментите се користени бивни на морж, а сите украсни елементи се направени од сребро. На горната плоча се гледа монограм на Екатерина II. Имено, две вакви комоди (од кои едната се чува во Ермитаж) биле наменети како подарок за царицата.

Сервис за јадење, 1879 г.

Интересот за националните корени кај руското благородништво, кој преовладуваше во втората половина на XIX век, му го даде на светот „рускиот стил“, чија основа беа мотиви и орнаменти од народното творештво. Оваа мода не ја одмина ни јувелирската уметност. Работилниците кои произведувале предмети за царскиот двор користеле народни мотиви при изработката на орнаменти, како и во декоративно-применетата уметност. Впечатлив пример за тоа е овој огромен сребрен сервис за јадење, изработен со клејсон техника на емајл, дело на работилницата на Карл Албрехт.

Послужавници, почетокнаXX век

Уште еден предмет од царско потекло е направен од рацете на златарите од легендарната работилница на Карл Фаберже. Послужавникот од дрво, злато и емајл најверојатно му припаѓал на Николај II. Токму нему му е посветен натписот „На самодержавниот татко на руската земја од верното поданичко население на градот Херсон“. Послужавникот е направен во фабриката на Фаберже во Одеса, која во тоа време беше дел од Херсонската губернија.

Картотека, шеесеттите години на XIX век

Елегантната маса со полици за складирање на ракописи и документи некогаш била дел од ентериерот на Сината соба од личните одаи на царицата Марија Фјодоровна, сопруга на Александар III. Картотеката е направена од црвено дрво и позлатена бронза во работилницата на мајсторот Фридрих Мелцер во Петербург, кој работел за царскиот двор. Тој изработувал и мебел за уредување на Зимскиот дворец, Петерхоф и другите царски резиденции.

Свечени вазни, 1860.

Овие вазни во пар ги купика Марија Александровна, сопруга на Александар II, на божиќната изложба во Зимскиот дворец. Две ремек-дела насликани во емајл и декорирани со позлатена бронза се направени од Императорската фабрика за порцелан во Петербург.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња