10 најретки и најскапи советски поштенски марки

Russia Beyond
Збирната вредност на овие советски марки надминува еден милион долари!
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

* Наведените цени се рамковни. Секоја марка се проценува поединечно.

1. На најдобриот работник на Сесојузното друштво на филателисти (до 776.000 американски долари)

Најскапата поштенска марка е издадена во 1932 година. Зачуван е само еден примерок. Тоа било ограничено издание кое е темпирано за првата изложба посветена на достигнувањата на советската филателија. Со текот на времето останата е само една единствена маркица, а бидејќи е печатена на необично дебела хартија, марката го добила прекарот „картонка“. Во 2008 година марката е продадена за 776.000 американски долари на аукција на Cherrystone.

2. Леваневски, со претисок (до 525.000 американски долари)

Кога Сигизмунд Леваневски, советскиот пионер на далекустрелна авијација, се обиде да прелета од Москва во Сан Франциско преку Арктичкиот круг, издадена е поштенска марка со цел да се прослави таа пригода. Иако мисијата беше прекината на половина пат кога од авионот почна да протекува нафта, поштенската марка стекна голема слава. Некои од нив веднаш добија невидена вредност поради две печатарски грешки.

На некои марки името на градот Сан Франциско е отпечатено со мала буква „ф“, додека другите марки имаат претисок наопаку. Најретките марки ги комбинираат овие две грешки и нивната цена достигнува и до 525.000 американски долари

3. Првата воздушна поштенска марка (до 70.000 американски долари)

Овие ретки марки за првпат се издадени во 1923 година и станале први советски марки кои се користеле за воздушна пошта. Пуштени се во четири апоени: еден, два, пет и десет рубли. Меѓутоа, само марките од пет рубли со текот на годините добиле значајна вредност поради специфичен недостаток. Излегло дека еден од листовите кои се користи за печатење на оваа серија е неисправен. Како резултат на тоа, се чини дека бројот „5“ е поширок и дека е поставен пониско од обичното.

5. Конзуларната од педесет (до 60.000 американски долари)

Оваа марка била наменета за испраќање на платена меѓународна кореспонденција по воздушен пат помеѓу Москва и Кингсберг кога била воспоставена воздушна комуникација помеѓу СССР и Германија.

Сепак, овој вид марки речиси е веднаш повлечен и е уништен зашто не била одобрена од страна на Народниот поштенски комитет на СССР, и ова ја објаснува големата вредност на зачуваните марки од серијата.

5. Син цепелин (до 40.000 американски долари)

Овие марки се издадени во чест на изградбата на цепелин во Советскиот Сојуз. На неа е прикажан голем цепелин кој се издигнува во вселената преку целата планета, што значи дека советската територија изнесувала голем дел од земјината кугла. Најретките и најскапи марки, инаку со кафеавкаста серија, по грешка се отпечатени со сина боја. Освен тоа, некои од ограничените сини марки се погрешно перфорирани, што само придонесе за зголемување на нивната вредност.

6. Втора меѓународна поларна година (до 30.000 американски долари)

Овие марки се издадени во 1932 година и биле наменети исклучиво за воздушна пошта во арктичкиот регион. Користени за пратки од Архангељск до Арктичкиот круг и назад. Половината од серијата е издадена со незначаен недостаток во перфорацијата. Овој мал недостаток е причината поради која овие посевни марки сега ја постигнуваат својата вредност.

7. Крстосување на мирот и пријателството (до 29.000 американски долари)

Кога советскиот лидер Никита Хрушчов планирал патување во скандинавските земји, советската поштенска служба ја испечатила оваа серија „Крстосување на мирот и пријателството“. Меѓутоа, збирката никогаш не била пуштена во промет. Иако не е познато како точно овие марки дошле во приватни раце, факт е дека тие постојат и дека луѓето што ги набавиле се мошне среќни поради тоа.

8. „Лимонка“ (до 16.000 американски долари)

Овие марки се вредни зашто машината на којашто се печатени се расипала и ги бојадисала во боја на лимон. Како резултат на тоа, производството запрело откако се испечатени само околу 100 примероци. Денес филателистите ја проценуваат вредноста на „лимонка“ на околу 16.000 американски долари.

9. 250-годишнина од победата во Полтавската битка (до 15.000 американски долари)

Овие марки биле предвидени за пуштање во продажба во 1959 година во знак на сеќавање на 250-годишнината од победата на Русија над Швеѓаните кај Полтава. Меѓутоа, како што се чинело дека тогаш актуелните односи помеѓу Советскиот Сојуз и Шведска се подобруваат, серијата марки е итно повлечена од промет и уништена. Сепак, околу 40 марки некако преживеале, што веднаш им дало голема вредност.

10. Проучување на поларната светлина (до 14.000 американски долари)

Овие марки се издадени во знак на сеќавање на Меѓународната геофизичка година, меѓународен проект кој траел од 1 јули 1957 до 31 декември 1958 година. Тие 18 месеци соработка го симболизираа крајот на периодот на затегнатоста во текот на Студената војна. Претходно научниците од Истокот и од Западот не можеа да работат заедно. Советскиот Сојуз издаде марки за да се одбележи обновувањето на ваквата научна соработка, а денес се проценуваат на околу 14.000 американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња