350 години од раѓањето на првиот руски император: Како современите сликари го гледаат Петар Велики

„30 слики од животот на Петар Велики, 2022“
Годинава се одбележуваат 350 години од раѓањето на првиот руски император. По тој повод, современите домашни ликовни уметници ги пренесоа на платно своите видувања на важните настани од животот на Петар Велики.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Иљја Зоркин, Почетокот на самодржавието, 2022

На сликата се гледа Петар во друштво на патријарси, стрелци и болјари, кои ги наведнале главите пред царот во знак на приврзаност и признавање на неговата власт. Во 1689 година тој ја презел власта од принцезата Софија, која била регент за време на владеењето на Петар и за време на владеењето на неговиот болен брат Иван.

Андреј Пјанковски, Запознавање со морето и надворешната трговија, 2022

Во 1693 година Петар го посетил Архангелск, град кој на крајот на XVII век бил главното поморско пристаниште во земјата и единствениот „прозорец кон Европа“. Царот бил толку импресиониран од изгледот на вистинските поморски пловила што не можел да се симне од палубите, внимателно проучувајќи го секој детал. Во конвој од странски бродови тој пловел со својата јахта 300 милји во Белото Море.

Андреј Блиок, Воронешкото бродоградилиште, 2022.

Во 1697 година Петар тргнал на патување низ Европа. Во таа прилика најмногу се задржал во Холандија каде се запознал со основите на бродоградбата. По враќањето во Русија, Петар го основал Воронешкото бродоградилиште и почнал да ги гради првите поморски бродови за Азовската флота. Царот повикал странски мајстори и лично учествувал во почетокот на изградбата на бродот „Гото предестинација“ (Божествена промисла) со 58 топови, инаку првиот руски линиски брод. Замислата на царот била излегување на Црното Море.

Иван Логинов, Нови обичаи, Образование, 2022.

За да ги спроведе амбициозните планови во реформирањето на Русија, на Петар му бил потребен квалификуван кадар. Затоа тој испраќал деца од благородничките семејства да се школуваат во странство, пред сé, во областа на военото поморство, а подоцна сам ги испитувал и ги проверувал нивните знаења. Петар ги казнувал лошите студенти и ги принудувал да работат како обични морнари.

Aлексеј Перепјолкин, Социјалниот живот, Собиранките за време на Петар Велики, 2022

Петар спровел безброј реформи во земјата, меѓу другото им наредил на благородниците да ги избричат ​​брадите и да се облечат во европска облека, а на дамите дефинитивно им ги разголил рамениците на што тие долго време не можеле да се навикнат, верувајќи дека таквата мода не е пристојна. Уште еден новитет биле и приемите, предвесниците на баловите, незадолжителните собиранки на благородниците на кои се дружеле, танцувале и забавувале.

Самир Рахманов, Битката кај Лесна, 2022.

Во 1700 година Петар I влегол во долготрајна војна против Шведска позната како Северна војна. На 28 септември 1708 година кај селото Лесна дошло до крвава битка во која руската војска извојувала победа. Тоа бил еден од чекорите на патот кон пресврт на текот на војната, пред сé затоа што Швеѓаните ја прекинале офанзивата врз Москва.

Александар Бистров, Полтавската победа, 2022.

Откако се откажале од нападот на Москва, Швеѓаните се насочиле во правец на Украина и пролетта 1709 година ја опколиле Полтава. За време на битката руската војска ги поразила Швеѓаните кои бегале од бојното поле, а ранетиот крал Карл XII побегнал на територијата на Османлиското царство. Победата во битката кај Полтава станала пресвртница во Северната војна, по што Петар само напредувал.

Николај Блохин, Битката кај Гангут, 2022.

Битката кај ‘ртот Гангут во 1714 година е позната како поморската Полтава. Тоа била прва поморска победа на руската флота во историјата на Русија, и ден-денес се слави како ден на воената слава.

Иљја Овчаренко, Командувањето четири флоти, 2022.

За време на Северната војна, во Балтичкото Море оперирале шведските корсари (пирати со дозвола на властите). Русија, Данска, Англија и Холандија ги здружиле силите за да го исчистат Балтикот од корсарите и шведската флота која ги штитела. Петар е претставен на палубата на бродот „Ингерманландија“ во друштво на европски адмирали.

Ксенија Карпенко, Петар Велики - император, Церемонијата во Троицкиот собор на Александровско-невската лавра, 2022.

По победата во Северната војна против Швеѓаните, во 1721 година, Петар ја прогласил Руската империја и станал првиот руски цар кој ја понел титулата император.

Изложбата „30 слики од животот на Петар Велики, 2022“, која се отвара на 9 јуни, ќе може да се погледне до 9 август оваа година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња