Замислете „Крик“ на Едвард Мунк, всушност, да прикажува мачка на диета, а Зевс, наместо во бик, да биде претворен во џиновска мачка што ја грабнува Европа. Руската уметница Светлана Петрова создаде „нови“ верзии на овие познати уметнички дела, како и многу други, со нејзиниот сакан лисест мачор Заратустра во главната улога!
Оваа „нова“ верзија на ремек-делото од 1910 година ја прикажува трагедијата на дебела мачка на диета, кога сопственикот одбива да ѝ даде уште крем. Можете ли да си замислите повеќе драма?
Едвард Мунк, „Сакам уште крем!“
FatCatArt.comСликата „Грабнувањето на Европа“ на Валентин Серов добива ново значење: не се работи за киднапирање, туку за патување од соништата на две сродни души: една дама и нејзината мачка. Дали на една девојка би ѝ пречело да биде киднапирана од толку голема надуена крзнена топка? Заратустра не мисли така.
Валентин Серов, „Грабнувањето на Европа“
FatCatArt.comНабљудувајќи ги актуелните случувања во светот, Заратустра оваа креативна метаморфоза на Леонардо да Винчи, „Salvator Mundi“ ја посветува на денешните вистински херои: лекарите кои се борат со пандемијата.
Леонардо да Винчи, „Спасителот на светот со својата мачка“
FatCatArt.comРаботата од дома стана нов предизвик за многу луѓе ширум светот. Така, оваа пријатна сцена насликана од Винченцо Фопа ги прикажува проблемите на сопствениците на мачки кои се обидуваат да работат.
Винченцо Фопа, „Младиот Цицерон ѝ чита на својата мачка“
FatCatArt.comВан Гог го насликал ова кафуле во Арл, Франција, во 1888 година, кое сè уште работи.
Винсент ван Гог, „Џиновски мачки во ноќна посета на кафуле за време на карантин“
FatCatArt.comЗаратустра е убеден дека, првично, Ван Гог сакал да прикаже мачки на небото наместо ѕвезди, но критичарите не ја разбрале неговата иновативна визија. Не ни е јасно зошто, бидејќи сите знаеме која е најсветлата ѕвезда овде! Сега можете да уживате во вистинската верзија на ова ремек дело.
Винсент ван Гог, „Крзнено небо“
FatCatArt.comВеројатно сте ја виделе оваа слика на девојката со бисерна обетка. Но, искрено, не мислите ли дека некои детали се изгубиле таму? Погледнете го ажурираното уметничко дело и забележете ја разликата!
Јоханес Вермер, „Девојката со бисерна обетка и лисеста мачка“
FatCatArt.comДали ја знаете приказната за кулата Вавилонска што ја наслика Бројгел? Сега погледнете ја верзијата на Заратустра ЗОШТО е навистина уништена.
Питер Бројгел Постариот, „Мачја изградба на кулата Вавилонска“
FatCatArt.comОва дело со Психа и нејзината љубов Купидон изгледа уште поромантично со Заратустра. Затоа што кога една дама сака да ве запознае со нејзината мачка, тоа значи дека сте ѝ многу важни! Се надеваме дека ќе успее и двајцата да ги однесе во рајот.
Вилијам Адолф Бугро, „Грабнувањето на Психа и дебела мачка“
FatCatArt.com„Ох, човеку, свириш на својата лаута? Нема да ти пречи ако седнам тука и слушам како свириш?“
Караваџо, „Лаутчија со мачка“
FatCatArt.comПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче