10 најдобри дела на Орест Кипренски, познатиот руски портретист (СЛИКИ)

Третјаковска галерија
Кипренски е познат пред сé по култниот портрет на големиот руски поет Александар Пушкин, но насликал и портрети на многу други познати историски личности на Русија.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

Орест Кипренски (1782-1836) стана популарен меѓу народот како „руски Ван Дајк“. Бил вонбрачно дете на спахијата Адам Дјаконов и неговата слугинка. Таткото немал можност официјално да го признае детето, па Орест бил пријавен како член на мајчиното семејство.

Од своето најрано детство Орест покажал талент за цртање. Кога пораснал, татко му го запишал на Академијата на уметностите во Санкт Петербург. Раководството на Академијата го препознало талентот на младиот човек и по завршувањето на школувањето му дозволило да продолжи да живее во студентскиот дом. Академијата дури му издвоила и средства за патување во странство.

Кипренски патувал по Швајцарија, Франција и Германија и, се разбира, по Италија, каде што поминал неколку години земајќи часови кај најдобрите сликари. Дури и се оженил и Италијанката Ана Марија Фалкучи и преминал во католицизам. Починал во Рим (не дочекал да ја види својата ќерка која се родила по неговата смрт). Погребан е во црквата „Сант Андреа дел Фрате“.

Еве некои од најпознатите портрети насликани од Орест Кипренски.

1. Портрет на А. К. Швалбе, 1804.

2. Димитриј Донски на Куликово поле, 1805.

3. Портрет на Евграф Давидов, 1809.

4. Млад градинар, 1817.

5. Девојка што носи венец од афион, 1819.

6. Портрет на Екатерина Авдулина, 1822.

7. Бедната Лиза, 1827.

8. Портрет на Александар Пушкин, 1827.

9. Автопортрет, 1828.

10. Читатели на весник во Неапол, 1831.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња