Метални чудовишта од научнофантастичната советска ера (ФОТО)

Andrej Troha
Сликите на словенечки 3Д уметник ќе ве вратат 50 години наназад, во романтичната советска доба.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон!  Cо „Телеграм“ сме секогаш со вас! 

Словенечкиот 3Д илустратор Андреј Троха создава неверојатни научнофантастични слики од времето на Советскиот Сојуз. Неговите цртежи го симболизираат просперитетот и напредокот на одамна изминатата ера, а од хоби тие прераснаа во компанија која работи со врвни креатори на филмови и видео-игри.

Поразговаравме со овој уметник и нурнавме длабоко во приказната што се крие зад неговите фасцинантни слики на метални чудовишта од советската ера.

Како започна сé

Андреј Троха е сопственик на маркетинг агенција во Словенија. Кога се враќа дома после работа, тој отвора научнофантастични романи од 1960-тите (Реј Бредбери и други писатели од тоа време) и нурнува во друг свет каде атомската енергија го води човештвото кон просперитет и му дозволува да колонизира други планети.

Многу брзо дошол до идеја да почне да прави илустрации на истата тема. Решил да се држи до советската тема бидејќи била „полна со митски и тајни проекти за време на Студената војна“.

Сепак, неговите цртежи се фокусираат на цивилни проекти, а не на „воени машини“ поврзани со СССР. Поради овие цртежи и идеи, уметникот добил неколку договори со американски студија да биде уметнички продуцент за видео-игри и филмови во кои глуми Зак Галифианакис (американски комичар-актер од филмот „Мамурлак“) и така го претворил своето хоби во повеќе од успешно работење.

А-280-520 „Адмирал Кузнецов“

Името на првиот проект што му донесе слава потсетува на најголемиот носач на авиони од советската ера - „Адмирал Кузнецов“.

За разлика од неговиот голем воен „брат“, овој научнофантастичен брод беше голем патнички брод кој имаше за цел да ги поврзе советскиот град Самара и иранската престолнина Техеран.

Станува збор за огромен брод за 3000 патници и способен да прими 150 контејнери „Конекс“ и 250 автомобили.

И покрај неговата големина, бродот може да патува со брзина од 75 јазли (околу 140 км/ч).

Целата идеја и цел на овој цивилен „Адмирал Кузнецов“ е преку трговија да се развиваат регионите и да им стане соодветна алтернатива на авионите.

Советски тркачи од класата „Пионер“

Овој концепт на „тркачи“ се заснова на постоечките трки во американските пустини. Пустинските простори во нашиот свет се користат за да можат возилата да поставуваат брзински рекорди. Во светот на Троха, тоа е брзата патека Ф-1 за најнапредните возила на врвните воени градежни агенции од советската ера.

Во имагинацијата на овој уметник СССР ги развил најбрзите автомобили на светот и изградил многу тркачки патеки за да го популаризира овој спорт. Имале трибини и ВИП ложи, но набрзо пропаднале поради оддалеченоста на местото.

Туполев АНТ-201 „Горостас“

Концептот е заснован на најголемиот советски цивилен авион „Максим Горки“ - огромен авион од 1930-тите, создаден за пропагандни цели за да му покаже на светот дека СССР е способен да ги произведе најголемите цивилни „птици“ на планетата.

Уметникот прикажува механички напреден пловечки брод со огромни мотори на крилата што може да ја помине целата држава за само 12 часа.

Туполев АНТ-201 „Горостас“ е комбинација на товарен авион и патнички брод. Може да прими до 1500 патници и е „направен од Сталин за да го насели Далечниот Исток на земјата“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња