Познати личности кои не можат да си го замислат животот без руската литература

Russia Beyond (Photo: Getty Images)
Холивудски актери и познати западни писатели и режисери ги сакаат Толстој, Достоевски... и не само нив!

Орландо Блум и Фјодор Достојевски

Најпознат пример, а веќе и мошне популарното меме, е Орландо Блум кој ја чита „Браќа Карамазови“ на Фјодор Достоевски во парк. Фотографиите на актерот станаа јавни, а корисниците на социјалните мрежи забележаа дека Блум сигурно успеал да проникне во таинственоста на руската душа... судејќи според неговите изрази на лицето забележани на фотографиите.

Николас Кејџ и Фјодор Достојевски

Уште еден обожавател „Браќа Карамазови“ е и Николас Кејџ. На прес-конференцијата во Москва во 2016 година, овој оскаровец призна да сонува за тоа дека споменатото дело да го прочита во оригинал. „Го сакам Достоевски, пред сè 'Браќа Карамазови' и јасно ми е дека ги имам прочитано во превод. Би сакал да знам што навистина имал Достоевски на ум додека ги пишувал и да ме обземе поезијата на неговите зборови, што единствено е можно доколку се прочита делото во оригинал“.

Цел Холивуд и „Злосторство и казна “ на Фјодор Достоевски

Гвинет Палтроу

Најпознатиот роман на големиот писател го имаат прочитано (речиси) сите во Холивуд: Џим Кери, Даниел Редклиф, Гвинет Палтроу... Гвинет Палтроу призна дека била ужасната од тоа што, читајќи го романот се поистоветила со Раскољников, не како убиец, ами како некој кој сфаќа дека прави нешто лошо, но и понатаму го прави тоа: „Не можев да се идентификувам со него како со убиец, но можев да сфатам што значи да се сфати дека нешто не е исправно, а и понатаму да се прави истото. Имав 17 години кога го прочитав романот, а таа состојба дека некој покажал чувство за добро и за лошо – и дека живее се последиците од тоа – беше нешто со што во целост можев да се идентификувам“.

Романот „Злосторство и казна“ исто така го инспирирал награденото сценарио со Оскар на Вуди Ален за филмот „Завршен удар“. Примерок од книгата „Злосторство и казна“ стои на ноќното шкафче на главниот јунак Крис (Џонатан Рис Маерс), кој потоа ќе изврши морничаво злосторство. Потоа низ филмот се обидува филозофски да го правда. Познато е дека Достоевски и руската литература воопшто има извршено огромно влијание на делото на Вуди Ален. „Мислам дека не може подлабоко да се насочиш од таканаречената егзистенцијална тема, духовната тема“, изјави во една пригода овој режисер.

Даниел Редклиф и Михаил Булгаков

Ѕвездата на „Хари Потер“ е страстен читател. Меѓу своите омилени автори го наведува рускиот сатиричар Михаил Булгаков, чиј роман „Мајсторот и Маргарита“ е прв на листата книги што ги препорачува.

„Тоа е сега мојот омилен роман – тој е огромна експлозија на имагинација, лудило, сатира, хумор и емоции“ рече Редклиф во едно интервју.

Згора на тоа, Редклиф брилијантно ја игра главната улога во серијата „Записите на младиот лекар“, заснован на истоимената книга на Михаил Булгаков.

Џони Деп и Владимир Мајаковски

Кој би рекол дека најголемиот холивудски пират е луд по поезијата на Владимир Мајаковски? Во 2018 година Деп настапи во Москва со својата музичка група „Холивудски вампири“ Пред концертот намина во Мавзолејот на Ленин, во Кремљ и... во Музејот на Мајаковски. За време на посетата тој призна дека отсекогаш сонувал да се најде таму, со оглед на тоа дека кога бил тинејџер со голем интерес го читал Мајаковски, восхитувајќи им се на „неговата страст, на драмата, на нагонот и на неверојатната сила“.

Сè започнало откако купил книга со поезијата на Владимир Мајаковски само поради портретот на кориците: „Кога ја видов таа избричена глава и одбивното лице, си помислив дека ова е дефинитивно за мене!“

Квентин Тарантино и Борис Пастернак

Уште едно меме кое настана од фотографијата на Тарантино како замислено клечи покрај гробот на Борис Пастернак. Верувале или не, кога овој режисер дојде во Москва во 2004 година, првото одредиште му беше гробот каде почива славниот автор на романот „Доктор Живаго“.

Тарантино помина околу половина час покрај надгробниот споменик, а подоцна изјави дека во таа пригода нивните души се допреле.

Јијун Ли и Лев Толстој

Во март 2020 година, на самиот почеток од пандемијата и изолацијата, американската писателка со кинеско потекло Јијун Ли реши да започне заедничко читање и дискусија за „Војна и мир“. Ли и нејзините онлајн-слушатели од сите делови на светот не се одвојуваа од Толстој 85 дена (и ги споделуваа своите впечатоци на социјалните мрежи под хаштагот #TolstoyTogether).

За многумина ова беше прва средба со ова легендарно, обемно дело, но излезе дека Ли секоја години повторно ја чита оваа книга„ „Сфатив дека колку што е животот понеизвесен, толку 'Војна и мир' нуди поголема цврстина и структури“, пишува Ли.

За волја на вистината, во септември 2021 година Ли го повтори овој „читатлон“.

Орхан Памук и Лев Толстој

Врз турскиот жив класик Орхан Памук, творештвото на Лев Толстој исто така има мошне големо влијание. На доделувањето на литературната награда „Јаснаја Пољана“ што ја има основано музејот на Лев Толстој, Памук изјави дека на самиот почеток од својата писателска кариера на ѕидот закачил копија од портретот на Лев Толстој, дело на Иљја Репин. Така овој голем брадест мудрец внимавал на него додека тој ги пишувал своите први дела.

„Мислам дека 'Ана Каренина' е најдобриот роман што е некогаш напишан“. Бидејќи го има прочитано многу пати, Памук го знае речиси напамет и своето знаење го дели со студентите од Универзитетот Колумбија.

Жерар Депардје и руските поети

Францускиот актер Депардје ја сака руската поезија, па дури и малку чита на руски. Во 2018 година учествуваше на концертот приреден по повод 80 години од раѓањето на рускиот кантавтор Владимир Висоцки, и на сцената призна дека најмногу ги сака следниве тројца руски поети: Пушки, Лермонтов (дури и цитираше стих од песната „Бородино“ на руски: „Кажи ми, стари, дали е така...“) и самиот Висоцки. Кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век Депардје требаше да глуми во филм заснован на приказната „Виенски празници“ на Висоцки и на Едуард Володарски, но проектот не беше реализиран.

Емир Кустурица и (не само) Фјодор Достоевски

Српскиот режисер во 2019 година зборуваше за својата „силна наклонетост кон класиците на руската литература и кинематографија“. А, негов главен духовен водач е Фјодор Достоевски. „Достоевски е секогаш на мојот дневен ред. Не минува ден да не помислам на него и на неговите дела“. Кустурица додаде и дека пишува книга заснована на „Злосторство и казна“, која планира да ја преточи во филм, можеби дури и на руски!

Кустурица исто така високо го цени, па дури и сака да ја екранизира приказната „Белиот облак на Џингис-хан“ на киргистанскиот писател Чингиз Ајтматов, а исто така и да го пренесе „Херој на нашето време“ на Лермонтов во денешно време. Режисерот призна дека е голем обожавател на современиот автор Захар Прилепин, чиј роман „Манастир“ е еден од најдобрите што ги прочитал во изминатата деценија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња